Одобрена е ескхумација на телото на славниот чилеански поет Пабло Неруда, после барањето на тамошните власти од минатата година, поради сомнеж дека е отруен за време на режимот на Августо Пиноче, јавува BBC.
Неруда го поддржуваше социјалистичкиот претседател Салвадор Аљенде, кој беше вмешан во воениот пуч 1973 година.
Неруда почина кратко после тоа од рак на простата, но денеска по сведочењето на неговиот возач дека можеби Неруда е отруен, властите веќе не веруваат во тоа.
Возачот тврди дека агентите на Пиноче, на Неруда му вбризгале отров во желудникот додека бил хоспитализиран во болництаа во Сантјаго, од што наводно добил срцев удар.