Студентите кои учествуваат во блокадите во Србија се оградија од екстремистички организации и националистички симболи што се појавија на протестот пред Уставниот суд во Белград на 12 јануари.
Дел од учесниците на протестот носеа и знамиња со симболи на ентитетот на Босна и Херцеговина, Република Српска, како и транспаренти со натпис „Нема предавање“ и нацртана карта на Косово, чија независност српската влада не ја признава.
Тие изјавија дека присуството на вакви симболи не е во согласност со нивните вредности и цели и нагласија дека блокадите немаат идеолошка агенда.
Студентите ги повикаа учесниците да се фокусираат на заедничките цели и да се воздржат од истакнување на симболи кои можат да доведат до поделби.