Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Формирани работни групи за измени на Законот за Судскиот совет и Кривичниот законик

0
By Marija Todorovska on January 23, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 23, 2025 13:51

Министерството за правда информира дека интензивно работи на измени на Законот за Судскиот совет и Кривичниот законик, укажувајќи дека во изминатиот период се формирани работни групи за изготвување на предлог измените и дека очекува во најскоро време работните групи да излезат со предлог законски решенија.

За претседател на работната група за  изменување и дополнување на Законот за Судски совет именувана е Мирјана Лазарова Трајковска, судија во Врховен суд на РСМ.

Членови на работната група се Денис Прешова, вонреден професор на Правен факултет „Јустинијан Први” –  Скопје; Александра Деаноска Трендафилова, професорка на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” – Скопје; Александар Камбовски, Претседател на Судски совет на РСМ; Аритон Ала, член на Судски совет на Република Северна Македонија; Зоран Герасимовски, судија во Апелационен суд Скопје; Исмета Амет, судија во Виш управен суд на РСМ; Ивана Петковска, претставник на БЛУПРИНТ групата на граѓански организации; Јелена Кадриќ, претставник на БЛУПРИНТ групата на граѓански организации; Александра Цветановска, посебен советник на министер во Министерство за правда на РСМ и Николина Микеска Костадиновска, раководител на сектор правосудство, Министерство за правда на РСМ.

За претседател на работната група за изготвување на предлог измени на Кривичниот законик именувана е Д-р Александра Деаноска Трендафилова, професор на Правен факултет ,,Јустинијан Први,, – Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј,,- Скопје.

Членови на работната група за измени и дополнувања на кривичниот законик се Цветанка Периќ, судија во Врховен суд на Република Северна Македонија; Елвин Вeли, јавен обвинител во Јавно Обвинителство на Република Северна Македонија; Даниела Алексовска Стојановска, судија во Основен кривичен суд Скопје; Владимир Туфегџиќ, адвокат; Жарко Хаџи-Зафиров, претставник на БЛУПРИНТ група на граѓански организации и Никола Прокопенко, државен советник за казнено законодавство во Министерство за правда на РСМ.

Носењето на нов закон за Судски совет е врзано со реформската агенда на ЕК за раст на Западен Балкан и треба да биде донесен до јуни годинава.

Паралелно со измените на КЗ, тече постапката и за нов Кривичен законик, кој како што претходно информираа од МП е завршен и чека мислење од Европската комисија по што ќе биде доставен во владина и собраниска процедура.

Со измените на Кривичниот законик донесени во септември 2023 година, Европската комисија во Извештајот за 2024 оцени дека ја ослабнале правната рамка негативно влијаејќи на гонењето на корупцијата, порачувајќи дека земјава во следната година треба да донесе нов Кривичен законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди.

Според ЕК, земјава во наредната година освен што треба да донесе нов Кривичен законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди, треба да го подобри своето досие на случаите на висока корупција – со навремени, професионални и транспарентни проактивни истраги, конечни пресуди и враќање на средствата, вклучувајќи конфискација на криминални средства, конфискација базирана на вредност, продолжена конфискација и конфискација од трето лице.

закон за судски совет Кривичен законик работни групи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.