Инспекторатите ќе продолжат да работат во рамки на министерствата и нема да имаат сопствен буџет. Тие не ќе можат самостојно да спроведуваат јавни набавки, вработувања или да одлучуваат за правата на вработените. Ова е предвидено со Предлог-законот за изменување на Законот за инспекциски надзор, кој ќе се донесе по скратена постапка во Собранието.
Измените предвидуваат дека различни инспекторати ќе продолжат да работат како органи во состав на одредени министерства, како што се Министерството за финансии, Министерството за енергетика, Министерството за земјоделство и други. Целта на измените е усогласување со Законот за организација на државните органи и правилно функционирање на инспекторатите како дел од министерствата. Измените ќе го засилат надзорот над законите од страна на ресорните министерства.
Расправата за амандманите продолжува во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.