НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациенти кои одат на дијализа во ГОБ „8 Септември“ реагираат дека се оставени без превоз

0
By Marija Todorovska on February 10, 2025 ВЕСТИ
Фото: kanal5.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пациенти кои одат на дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје реагираат дека се оставени без превоз откако завршил договорот со такси – превозникот. Тие треба да добиваат паричен надоместок за превоз, но според Здружението на бубрежно болни „Нефрон“, од октомври не им се исплатени овие парични средства.

Душко Ѓоргиев од Здружението „Нефрон“ објаснува дека до октомври дел од пациентите користеле обезбеден такси превоз, а дел надоместок од Министерството за финансии во висина од две или четири автобуски карти, во зависност од тоа каде живеат. При крајот на октомври истекол договорот со такси превозот, а за пациентите кои го користеле, како што појаснува Ѓоргиев, им следува надоместок за превоз од страна на Министерството за финансии.

Тие кои користеле такси, сега исто така треба да добиваат надоместок од Министерството за финансии, во зависност од местото на живеење и дали користат еден или два автобуса, појаснува Ѓоргиев за МИА.

Подвлекува дека некои пациенти доаѓаат со сопствено возило, некои користат автобус, а некои го носи фамилијата.

Има пациенти кои поради здравствената состојба не можат да го користат автобускиот превоз. Некои од нив ги носи фамилијата, 2-3 пациенти го напуштија овој центар за дијализа и се префрлија во други центри каде што има организиран превоз. Според нашите сознанија, нема изгледи да се врати такси превозот за пациентите со дијализа кои доаѓаат во оваа болница, додава Ѓоргиев.

Според пациенти што користат паричен надоместок за превоз, доцни исплатата на овие средства.

 

8 септември дијализа превоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.