НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче

0
By Marija Todorovska on February 14, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на почетокот од денешното судење побара изземање на јавните обвинителки во процесот, Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитриевска и шефот на ОЈО Скопје, јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

Причините поради кои Палевски бара изземање, се, како што рече, злоупотреба на дејствувањето и непристрасност.

Нова околност за изземање на јавните обвинители е фалсификување податоци за да можат да изготват фалсификуван доказ под реден број 180, телефонска анализа од 13.5.2024, а со цел нивниот сведок Ерол Османи под заклетва пред судот да лаже, рече Палчо.

Тврдеше дека во моментот кога сведокот тврдел дека тој поправал котел, бил во живо на поткаст.

Тој до судот достави Извештај од македонски Телеком и базни станици со вкупно 120 страни за период од 10.9.2023 до 10.12.2023 преку кои посочи дека не постојат податоци за базни станици за неговиот телефон.

Зошто на ОЈО Скопје се спорни само моите податоци и зошто ОЈО Скопје брише и манипулира податоци, рече тој.

Најважниот доказ кој покажува зошто се бришани и манипулирани неговите базни станици на 28.11.2023, како што рече, е тоа што после поткастот во најголемата сообраќајна гужва тој е во Фиат Добло во правец на Автокоманда.

Таму постои комуникација со мојата ќерка каде може да видите дека во 14:55 минути после поткастот праќам порака доцнам 5 минути. Во оваа комуникација користам 5Г интернет, со што не постои во извештајот, дополни тој.

Судењето продолжи со изведување на материјални докази кои што биле најдени на местото на убиствата како и извештаи од анализа на комуникациските уреди на Палевски.

обвинители ОЈО Палчо судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.