Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коцевски: Ако се утврди тешка дисциплинска повреда самиот ќе се повлечам

0
By Marija Todorovska on February 18, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 18, 2025 13:02

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до Советот на јавни обвинители. Во однос на барањето на премиерот Христијан Мицкоски да ја напушти функцијата, Коцевски рече дека ќе одговори откако ќе ги види основите предвидени во Законот за јавно обвинителство. Доколку се утврди дека навистина има тешка дисциплинска повреда, тој рече дека сам ќе се повлече од функцијата.

 Одлуката ја оставам на политичарите. Јас строго сум работел и сѐ уште ќе работам согласно Законот. Условите доколку се исполнети согласно Законот за ЈО, стојам на тоа и нека ме разрешат, меѓутоа, доколку не се исполнети условите согласно Законот за ЈО, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит начин или на незаконит, изјави Коцевски.

Во однос на барањето на премиерот Мицкоски да ја напушти функцијата, Коцевски денеска во изјава за медиуми по седницата на Советот на јавни обвинители рече дека нема да коментира политички одлуки.

Откако ќе го добијам предлогот од страна на Владата, да ги видиме основите што се предвидени во Законот за јавно обвинителство, па потоа ќе се произнесам во однос на тоа. Во однос на политичките одлуки засега не би дал коментар, рече Коцевски.

Коцевски негираше судир на интереси во врска со неговото членство во Советот и изјави дека не постапува во предмети, туку врши менаџерска работа.

Во јавноста треба да се види по кои предмети сум постапувал незаконито за да се произнесам. Јас не одам на судење, не постапувам во предмети, така што само ја вршам главно менаџерската работа и околу одредени работи коишто се предвидени согласно Закон за јавно обвинителство, рече тој.

Во однос на критиките дека „имал време да се покаже“, одговори дека Јавното обвинителство е најтранспарентно во последните 30 години, со над 360 соопштенија и стотици одговори на новинарски прашања минатата година. Тој најави дека ќе продолжи со брифинзи за предмети од јавен интерес.

Љупчо Коцевски разрешување Совет на јавни обвинители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив: Полицајците избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Кијив: Полицајците избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.