НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Секира во грбот

0
By Zoran Ivanov on February 22, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украина добиваше голема помош од сите кои имаа интерес Русија да не победи во таа ужасна агресија, меѓу другото, затоа што сите сметаа и знаеја дека таа агресија освен што го урива меѓународниот правен поредок, нема да заврши на Украина.

 Бранко Тричковски

Вака како што Трамп наумил да ја заврши војната во Украина, можеше уште пред две-три години да ја заврши последниот резервен играч на Канзас сити Чифси. Секоја будала на Путин би му ги дал остварени на тацна сите цели на “Специјалната воена операција”, а ако притоа добие за себе некој тон скапоцени минерали, уште полесно и поамбициозно.

Да нема повеќе жртви?

Па така можеа да ја завршат и Втората светска војна, без Нормандија и американските жртви на плажата Омаха и во Ардените.

Не верувам дека има смисла Трамп да се потсетува на што било, но за остатокот на светот па и на Америка, вреди да се потсетиме: Украина беше брутално нападната и тој напад немаше никакво оправдување надвор од империјалните амбиции на рускиот цар. Украина се бранеше и се уште се брани поднесувајки неверојатни жртви во човечки животи и во материјални разорувања. Се бранеше себе, но, како што знаеме, ја бранеше и Европа а ја бранеше и Америка односно нивните интереси и статуси. Затоа што тоа беше така Украина добиваше голема помош од сите кои имаа интерес Русија да не победи во таа ужасна агресија, меѓу другото, затоа што сите сметаа и знаеја дека таа агресија освен што го урива меѓународниот правен поредок, нема да заврши на Украина.

Освен против Руската империја, Украина мораше да ја решава помошта што Москва ја добиваше од Техеран, главниот Трампов “пријател”, во форма на илјадници шахиди и други дронови, помош мотивирана, имено, со тоа што ајатоласите го третираа рускиот успех како пораз на својот главен непријахел-Америка. Мораше да се бори против ракетите и војниците на уште еден американски “пријател”: Северна Кореја. И, конечно, мораше да ја совладува помошта што Путин ја добиваше од третиот голем американски “пријател”- Кина, во форма на заобиколени санкции, особено во сферата на енергетиката и на многу други начини.

Така беше и така е.

И сега најголемиот Американец вика Зеленски ја нападнал Русија и му испорачува ултиматум “земи или остави” при што “земи” значи само малку повеќе од “остави”, односно и едната и другата одредница за Зеленски и за Украина и за слободниот свет, значат-ништо!

Како е можен ваков политички, воен, морален и историски пресврт?

Секира во грбот на оној што бранејки се себе, се борел и за тебе!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

колумна тричовски Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.