Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лажните тврдења на премиерот на „мојата земја“ на екскурзијата во Вашингтон

0
By Zoran Ivanov on February 23, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 23, 2025 12:11

„Ние сме под силен финансиски притисок од таа земја, но мојата земја е единствениот дел од сложувалката кој им недостасува“ заборавајќи на автопатот Кичево-Охрид кој кинеската фирма „Синехидро“ го гради веќе 10 години, со „евтин“ кинески кредит договорен во период на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, и за кое …“.

Драган Мишев

Се уште не стивнуваат реакциите во сврска со патувањето на повеќечлената делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон, и неговото учество на контроверзната Конференција за политичка акција на конзервативците во Вашингтон (CPAC), на која францускиот екстремно десничарски лидер Жордан Бардела го откажа својот планиран говор, поради, како што рече, „гест кој се однесува на нацистичката идеологија“ на поранешниот главен советник на Доналд Трамп, Стив Бенон.

За ова, секако, немаше реакција од Мицкоски, кој во рамките на конференцијата  беше интервјуиран од политичката коментаторка Кеј Ти Мекфарланд, поранешна заменик-советничка за национална безбедност во првиот мандат на претседателот Трамп, каде таа го пофали премиерот дека бил единствениот европски лидер кој позитивно реагирал и ракоплескал за време на говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција минатата недела, во кој Венс жестоко ги критикуваше европските држави.

Мицкоски, кој за цело време на интервјуто државата на која е премиер, наместо со нејзиното име ја нарекуваше мојата земја и мојата татковина, ја искористи приликата да  ја истакне својата воодушевеност  од говорот на потпретседателот Венс кој го опиша како „историски настан“ и „инспиративен говор“. Тој истакна дека, иако некои европски политичари можеби ќе се налутат на неговото мислење, смета дека Венс бил во право.

Премиер на земја кандидат за членство во ЕУ, која се надева на решавање на проблемите и  отворање на преговорите, е најголемиот ракоплескач и поддржувач на говорот на Венс насочен против ЕУ.

Мицкоски по кој знае кој пат се пожали дека од почетокот на независноста, заради остварување на стратешките цели да биде полноправна членка на НАТО и на ЕУ, Македонија ги сменила своето знаме, својата валута, своето име и својот Устав, и дека не е фер што нашата држава сега е повторно под притисок да го смени Уставот, додека истовремено, самиот иницира промена на Уставот заради промена на државниот грб.

Мицкоски, чие претставување на земјава личеше на писмена работа по англиски на просечен средношколец, откако се пофали дека пред 8 месеци ги добил изборите со огромно мнозинство, ја нагласи и важноста на Македонија во справувањето со илегалната миграција, опишувајќи ја земјата како „врата на југоисточна Европа“, врата која, за жал, по стапувањето на Мицкоски на премиерската функција, останува затворена.

Контрадикторен до крај, премиерот на „мојата земја“ не пропушти да истакне дека Македонија е целосно усогласена и ја поддржува политиката на претседателот Доналд Трамп, иако пред некој ден, на дебатата на Атлантскиот совет, исто така во Вашингтон, изрази сосема спротивен став од оној на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја обвини Украина дека ја започнала војната, изјавувајќи:

„Македонија е меѓу петте топ земји донатори на Украина. Воената руска агресија без преседан, војната против Украина и украинскиот народ, неиспровоцирана со ништо е нешто страшно. Тоа мора да биде осудено. Треба да направиме сѐ што можеме за да му помогнеме на украинскиот народ и на Украина. Тоа е нашата позиција. Зошто? Затоа што Русија го предизвика и го негира украинскиот идентитет и јазик. Тоа е грозно. Страшно“.

Во одговор на прашањето за односот на земјава кон „кинеска економска инвазија“ на овој дел на Европа, Моцкоски истакна дека „Ние сме под силен финансиски притисок од таа земја, но мојата земја е единствениот дел од сложувалката кој им недостасува“ заборавајќи на автопатот Кичево-Охрид кој кинеската фирма „Синехидро“ го гради веќе 10 години, со „евтин“ кинески кредит договорен во период на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, и за кое во протечените прислушкувани разговори, можеше да се слушне како неговиот претходник на премиерското и лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ, бара „5% провизија од жутите“.

И, за крај, бисерот од излагањето на Мицкоски преполно со контрадикторности, аналфабетското тврдење на премиерот на „мојата татковина“, кој намерно или ненамерно, или од незнаење и еклатантно непознавање на историјата и културата на Македонија, пред целата американаска, македонска и светска јавност излажа дека дека првиот универзитет во Европа бил основан токму на Охридското Езеро, и бил наречен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“???, а всушност се работи за  т.н. Охридска книжевна школа, формирана во 886 година, поврзан со дејноста на Св. Климент Охридски и Св. Наум Охридски Чудотворец, чии остатоци се лоцирани на Плаошник во Охрид, и е позната како Климентов универзитет.

Очигледно е дека не се работи за лапсус, бидејќи Мицкоски уште еднаш, одговарајќи на прашањето на водителката дали универзитетот во Оксфорд е постар, ќе повтори:

„Не, тоа е универзитетот Св. Кирил и Методиј“.

Христијан, седи кец!

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Лаги Мицкоски мишев драган САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.