На вонреден состанок на државниот врв на Венецуела, потпретседателот на државата Николас Мaдуро рече дека Хуго Чавез е „отруен како Јасер Арафат“ и дека во државата се случува саботажа.
Предходно еден министер, изјади дека Чавез е „меѓу Христос и животот“.
Според зборовите на венецуелскиот министер за информации, Ернесто Вилегас, Чавез (58) се наоѓа во толку тешка состојба која може да се опише како „меѓу Исус и животот“.
Тој наведува дека Чавез е свесен, но неговата ситуација е крајно деликатна, затоа што се појавила „нова тешка инфекција“.
Сепак лекарите не се откажуваат од него сега е подложен на хемотерапија.
Но, дека стуацијата може да биде навистина драматична, сведочи фактот дека потпретседателот на Венецуела, Николас Мадуро свика вонреден состанок на државниот врв со вонреден телевизиски пренос.