Избран е новиот градоначалник на Нови Сад, Жарко Миќин со 45 гласа „за“. Ѓураѓ Јакшиќ беше реизбран за заменик-градоначалник на Нови Сад, тој претходно студентите ги имаше наречено волови.
На седницата пратениците од опозицијата беа спречени да влезат.
Советникот Миран Погачар , кој не можеше да влезе на седницата, изјави за N1 дека полицајците користеле штитови, нозе и раце за да ги спречат советниците да влезат во зградата.
„Полицијата веднаш почна да користи штитови, тупаници, клоци и влечење“, вели тој.
Пред почетокот на седницата пристигнале голем број на полицајци опремени со штитови, шлемови и полициски кучиња.
06.49h bus iz Velike Plane i napunili Skupštinu grada #NoviSad pic.twitter.com/rsJemVkKik
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) February 24, 2025
Градскиот советник и пратеник Борислав Новаковиќ за N1 вели дека полицијата е внатре и надвор, а атмосферата се чувствува како да е на фронтот.
„Одлуките не се носат легално внатре, пратениците од опозицијата се спречени да влезат во Собранието. Демократијата е суспендирана. Ова е катастрофа, демократијата умре“, вели тој.
Građani zasipaju policiju pokvarenim jajima i farbom!
Novi Sad. pic.twitter.com/8CjbwDPFcR
— Marko M. Dragoslavic (@DragoslavicM) February 24, 2025
Насобраните граѓани кон полицијата фрлаа со брашно, јогурт,црвена боја, јајца и тоалетна хартија. Полицијата во неколку наврати им возврати, па погодена беше девојка со црвена боја во лицето и моментално е на преглед во Итната помош.
Upotrebom sile i hemijskih sredstava na narod i odbornike!
Pripadnici policije primenjuju silu i koriste hemijska sredstva.
Novi Sad. pic.twitter.com/0oTnUgQdgf— Marko M. Dragoslavic (@DragoslavicM) February 24, 2025
Насобраните граѓани скандираа „Нови Сад, нашиот град“.

Претседателката на градското собрание на Нови Сад, Дина Вучиниќ, соопшти дека не се точни информациите дека на советниците од опозицијата им бил забранет влез во градското собрание на Нови Сад.
„Надлежните собраниски служби и секретарката на градското собрание Мирјана Василиќ повеќепати ги повикуваа советниците од опозицијата да влезат во зградата на Собранието, но тие ги игнорираа овие повици. Истиот повик неколку пати до нив бил упатен од надлежниот полициски командир кој го обезбедувал Собранието“, се вели во соопштението на Вучиниќ.