Северна Кореја испрати дополнителни сили во Русија, но големината на контингентот се уште не е позната, објавија утрово јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на извори од државната разузнавачка агенција на земјата.
Дополнителни војници се испратени на боиштата во руската област Курск.
Според јужнокорејска агенција, Северна Кореја распоредила повеќе од 11.000 војници во Русија за да се борат во војната против Украина.
Украина и западните експерти посочуваат дека руските сили користеле и севернокорејско оружје.
Северна Кореја официјално не ја призна воената поддршка за Русија во украинската војна.