НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Членови на Стоматолошка комора бараат оставка од претседателот Маријан Денковски

0
By Marija Todorovska on February 27, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членови на Стоматолошка комора  денеска побараа оставка од претседателот на комората Маријан Денковски.

Тука сме да ја изразиме нашата загриженост за актуелните случувања во Стоматолошката комора на Македонија под водство на доктор Маријан Денковски. Неговите одлуки и политики, од ден на ден предизвикуваат се поголеми проблеми и незадоволство помеѓу стоматолозите, рече на прес-конференција доц.д-р Амела Цана, специјалист по ортодонција.

Во демократско општество, додаде таа,  изразувањето на мислењето и дијалогот на интелектуалците може да биде само најефикасен начин за доаѓање до вистински конструктивни решенија на проблемите.

 За жал, за претседателот на СКМ тоа е основ за поведување на дисциплински постапки, санкции и прогон на своите колеги.  Доктор Маријан Денковски, против своите неистомисленици поведува дисциплински постапки пред Судот на честа, кој се занимава со се, освен со задачата што му е доделена со Законот за здравствена заштита, истакна таа.

Притоа нагласи дека во Комората, како што рече, владеел целосен тоталитаризам и самоволие, се прогонувале членови на здруженија и делегати, се воведувале глоби и парични казни за што не постоела никаква законска основа. Таа посочи нереално прикажани финансиски извештаи, ненаменско трошење на средствата од фондот за солидарност, се елиминирале одредени здруженија, a се фаворизирале други и така натаму. Самоволието, рече, одело до тој степен, што  комората не почитувала пресуди на Уставен и Управен суд.

 Веруваме дека во државата постојат институции што ќе застанат на патот на ваквото самоволие во стоматолошката комора и ќе го вратат достоинството на докторите по дентална медицина. Бараме веднаш министерот за здравство да постапи согласно неговите законски надлежности и да стави крај на ваквото владеење. Поради се погоре наведеното и предизвикана материјална и нематеријална штета на угледот и честа на голем број колеги, но и финансиска штета на средствата од сите членови на комората, сметаме дека најмалата работа што Маријан Денковски треба да ја направи, е да си поднесе итна и неотповиклива оставка од функцијата, на која е избран, спротивно на Статутот,  за кој избор се уште е во тек управна судска постапка, подвлече Цана.

Маријан Денковски оставка стоматолошка комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.