Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп до Зеленски: Јас сум за Украина и Русија – се коцкаш со трета светска војна

0
By Zoran Ivanov on February 28, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 28, 2025 19:14

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, каде што рече дека е само посредник во преговорите за ставање крај на војната во Украина.

Јас сум посредник, јас сум и за Украина и за Русија. Сакам да се реши тоа, рече Трамп.

Зеленски го повика Трамп да не прави „никаков компромис со убиец“ и ја истакна важноста на „клучната“ поддршка што ќе гарантира одржливост на секој мировен договор.

Запрашан за неговата порака до сојузниците во НАТО од централна и источна Европа, кои се загрижени за експанзионистичката политика на Путин, Трамп рече дека е усогласен и со Путин и со Украина, во спротивно би било невозможно да се постигне договор и дека одбива да „зборува ужасни работи за Путин“, што, како што тврди, би ги отежнало преговорите.

Јас не сум на ничија страна. Јас сум на страната на Соединетите Американски Држави и на доброто на светот, рече Трамп.

Во еден момент од средбата Трамп му рече на Зеленски дека „мора да биде благодарен“ и го обвини дека „се коцка со трета светска војна“.

Трамп рече дека договорот за минерали меѓу Украина и САД ќе биде потпишан на прес-конференција што ќе се одржи подоцна, додавајќи дека го смета договорот за „многу фер“ и дека планира да ги користи ретките материјали „за сè што правиме, вклучително вештачката интелигенција и военото оружје“.

Тој нагласи дека суштината на новиот договор е дека „нема да им се вратите на борбите“.

Би-би-си пишува дека за време на средбата, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го обвини Зеленски дека „го изнесува случајот пред американските медиуми“ и рече дека неговите коментари се „без почит“.

Дали барем еднаш се заблагодаривте, праша тој, стои во извешатаите на агенциите.

Американскиот лидер порача дека Европа и НАТО мора да преземат поголема одговорност и да ги зголемат трошоците за одбрана.

На прашањето за источното крило на НАТО во поширок контекст, Трамп ја нарече Полска како „примерен сојузник“ и истакна дека ѝ е „многу посветен“ на таа земја.

Американскиот претседател ги пофали „неверојатно храбрите“ украински војници и им припиша „голема заслуга“ што три години се борат со руската агресија.

Американскиот претседател рече дека Украина ќе мора да направи одредени компромиси, но само затоа што „не е можен договор без компромиси“, додавајќи дека тие „нема да бидат толку големи колку што некои мислат дека ќе мора да направите“.

За време на состанокот, новинар од руската новинска агенција ТАСС беше отстранет од Овалната соба, каде што се одржуваше средбата поради тоа што рускиот државен медиум не бил на одобрениот медиумски список за средбата на Трамп со Зеленски.

 

 

Зеленски Трамп трета свветска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.