НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Големиот едикт“ – студентски протест бо Ниш

0
By Zoran Ivanov on March 1, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протест на српските студенти насловен „Голем едикт“ денеска ќе биде одржан во Ниш, што ќе трае 18 часа – од девет часот до три по полноќ.

Предвидено е студентите да се соберат на четири локации во Ниш, а во 11 часот и 52 минути на плоштадот крал Милан ќе оддадат почит за 15 жртви при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Меѓу загинатите е и македонскиот државјанин Васко Саздовски.

Второто оддавење на почит за загинатите ќе биде во 23 часот и 52 минути.

Во Ниш пеш, со трчање и на велосипеди уште од синоќа пристигнаа студенти од Белград, Нови Сад, Крагуевац, Краљево, Ужице, Чачак, Бор, Бујановец и други српски градови, а  денеска се очекува да им се придружат и поголем број граѓани.

Студентите во Србија почнаа со протести, блокади и дефинираа четири барања по уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1. ноември, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени. Блокадите и протестите се интензивираа откако на 22 ноември во Белград беа нападнати студентите на Факултетот за драмски уметности за време на 15-минутната блокада. На студентите им се придружија и наставниците, адвокатите и граѓаните.

Студентите бараат објавување на целосна документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад; отфрлање на обвиненијата против студентите и младите уапсени и приведени за време на протестите поради уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад; поднесување кривични пријави против напаѓачи на студенти и професори и нивно гонење и зголемување на средствата од српскиот буџет за материјални трошоци на државните високообразовни институции за 20 отсто.

Студентите тврдат дека ниту едно нивно барање не е исполнето.

 

едикт Ниш протест студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.