Венецуелскиот претседател Хуго Чавез почина на 58 години, соопшти потпретседателот Николас Мадуро, јавува Си-Ен-Ен.
Иако веста за смртта на Чавез е денеска објавена и официјално потврдена, некои жители на Венуцуела сметаат дека тој е мртов веќе неколку денови.
Претходно, на вонреден состанок на државниот врв на Венецуела, потпретседателот на државата Николас Мaдуро рече дека Хуго Чавез е „отруен како Јасер Арафат“ и дека во државата се случува саботажа.
Венецуелскиот министер за информации, Ернесто Вилегас, тешката состојба на Чавез ја опиша како „меѓу Христос и животот“.