НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активистите реагираат за видео на кое мачка виси од автомобил на патот Штип-Неготино

0
By Marija Todorovska on March 4, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа возило, а од неговиот заден дел виси мачка. Видеото се споделува од граѓаните и граѓанските активисти со осуда за мачење на животното. Од Секторот за внатрешни работи денеска информираат дека работат на расчистување на случајот.

Откако на социјални мрежи се појави снимката со возилото, полициски службеници од СВР Штип преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на настанот, се вели во пишаниот одговор од СВР-Штип.

Од граѓанската иницијатива „Ние за благосостојба на животните/We for Animal Welfare“ информираат дека веќе доставиле пријава до Министерството за внатрешни работи по електронски пат, заедно со видеата.

Во текот на денешниот ден истата пријава ќе биде доставена и во хартиена форма до архивата на Секторот за внатрешни работи во Штип. Дополнително, ќе биде доставена и кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за овој случај, велат од граѓанската иницијатива Ние за благосостојба на животните.

Нагласуваат дека од  видеото не може точно да се процени во каква состојба е мачката, но како што посочуваат, независно од тоа ова е еден од честите примери на мачење животни на ваков начин (со врзување и влечење за возило).

За сличен случај, во судската пракса веќе постои пресуда од Основниот суд (К-506/22) во Гостивар за лицето Ѓ.Д., кое под исти околности влечело животно – куче, врзано за своето возило, по што му нанело тешки повреди. Не постои разумно, ниту логично објаснување зошто некој би го сторил ова, па оттука ваквите дејствија несомнено имаат обележја на кривичното дело „Убивање и мачење животни“ и против сторителот или сторителите треба да се покрене кривична пријава по службена должност, велат од иницијативата Ние за благосостојба на животните.

Посочуваат дека од информациите со кои располагаат  видеото е снимено во текот на вчерашниот ден, на патот Штип-Неготино кон планината Серта. Сторителот засега не им е познат, но сметаат дека надлежните институции лесно можат да дојдат до идентитетот на лицето, со оглед на тоа што на видеото се гледа бројот на регистарските таблички.

активисти мачење животни МАЧКА пријава Штип-Неготино
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.