Доналд Трамп го одржа својот прв голем говор по враќањето во Белата куќа, при што најави зголемување на царините за кинескиот увоз од 10 на 20 отсто.
Како одговор, кинеското Министерство за надворешни работи упати силна порака до САД, истакнувајќи дека доколку Вашингтон сака конфронтација, Пекинг е подготвен да се бори.
„Ако САД бараат војна – било да е тарифна, трговска или од кој било друг вид – ние сме подготвени да се бориме до крај“, соопшти кинеското Министерство.