Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пекинг: Ако САД сакаат војна ние сме подготвени

0
By Zoran Ivanov on March 5, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 5, 2025 17:15

Ако САД сакаат војна, без разлика дали тоа е тарифна војна, трговска војна или каков било друг вид војна, ние сме подготвени да се бориме до крај, објави на „Х“ кинеската амбасада во Вашингтон во моментот кога говорот на Доналд Трамп бил при крај.

Американскиот претседател Доналд Трамп синојка одржа говор пред Конгресот, а дел од неговото обраќање беше посветен на царините што ги воведе за Кина, Канада и Мексико, како и новите царини што ќе ги воведе за „пријателите и непријателите“ почнувајќи од април.

Синојка Трамп со извршна наредба ги удвои царините за кинескиот увоз од десет на 20 отсто, што веднаш предизвика одмазда од Пекинг и запали тарифна војна.

Во твитот е приложена целосната изјава на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи во која се наоѓа таа реченица.

Прашањето со фентанил е слаб изговор за зголемување на американските царини за кинескиот увоз. Нашите контрамерки за одбрана на нашите права и интереси се сосема легитимни и неопходни. САД, а не кој било друг, се одговорни за кризата со фентанил во сопствената земја. Во духот на хуманоста и добрата волја кон американскиот народ, презедовме конкретни и силни чекори за да им помогнеме на САД во решавањето на овој проблем. Наместо да ги признаат нашите напори, САД се обидоа да ја оцрнат Кина, да ја префрлат вината и да извршат притисок, како и да ја уценат Кина со зголемување на царините. Нè казнија што им помагавме. Ова нема да го реши американскиот проблем и само ќе го поткопа дијалогот и соработката во борбата против трговијата со дрога. Не се плашиме од закани. Нема да попуштиме на притисоци и уцени. Притисокот, принудата или заканите не се вистинскиот начин за справување со Кина. Кој мисли дека може да ја скрши Кина со максимален притисок, избира погрешен противник и прави сериозна грешка во расудувањето. Ако САД навистина сакаат да го решат проблемот со фентанил, вистинскиот пат е да соработуваат со Кина со взаемна почит и еднаквост. Ако САД сакаат војна, без разлика дали тоа е тарифна, трговска војна или каков било друг вид војна, ние сме подготвени да се бориме до крај“, се вели во соопштението на кинеското Министерство.

 

војни Пекинг Трамп царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

ВЕСТИ May 8, 2026

Институтот за проучување на војната (ISW) објави мапа и анализа на синоќешните американски воздушни напади…

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.