Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германските конзервативци и социјалдемократите постигнаа начелен договор за формирање влада

0
By Zoran Ivanov on March 8, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 8, 2025 18:42

Германските конзервативци предводени од Фридрих Мерц и Социјалдемократската партија (СПД) денеска соопштија дека постигнале начелен договор за формирање влада која планира да инвестира во заживување и превооружување на земјата, најголемата европска економија.

Изготвивме заеднички документ и постигнавме договор за цела низа прашања, изјави идниот конзервативен канцелар Мерц, додавајќи дека партнерите најверојатно следната недела ќе почнат детални преговори кои ќе доведат до формирање на нова извршна власт.

Сите сме уверени дека имаме голема задача што треба да ја исполниме соочени со предизвиците со кои се соочува цела Европа, рече Мерц.

Копретседавачот на СПД Ларс Клингбејл оцени дека е направен првиот чекор во договорот за формирање коалициска влада.

СПД го прифати контроверзниот предлог на конзервативците за зајакнување на граничните контроли „во договор со европските партнери“ и враќање на илегалните имигранти.

Социјалдемократите од своја страна го наметнаа своето барање за зголемување на минималната плата за 15 евра.

Двете страни во текот на неделата се договорија за гигантска инвестициска програма вредна неколку стотици милијарди евра наменета за повторно вооружување и инфраструктура.

Разговорите за формирање нова влада будно ги следат европските соседи кои очекуваат Германија да игра поголема улога во безбедноста и одбраната додека континентот се мобилизира за да ја намали зависноста од САД на Доналд Трамп.

 

Влада Германија м договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.