Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгласана недоверба на Весна Дамева

0
By Marija Todorovska on March 11, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 11, 2025 14:40

Со 77 гласа Собранието на Република Северна Македонија денеска изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судството. Воедно, се наведува дека таа ја занемарила и не ја извршувала својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, го губи легитимитетот да учествува и одлучува во работата на Судски совет.

Претходно на расправата, Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите

 Ова е клучен момент во борбата за владеење на правото, за правдата и довербата во институциите и со овие поднесени интерпелации ние почитувани, не му судиме на судството. Со овие поднесени интерпелации ја детектираме одговорноста на оние коишто требало да бидат коректив, оние коишто требало да носат правда и коишто треба да воспостават она што требаше да биде судска власт, рече тој.

Весна Дамева, образложувајќи го својот одговор, истакна дека изминатиот период континуирано, како што кажа, одредени луѓе од политиката се обидуваат да ја омаловажат, изнесувајќи невистини и небулози.

Во Собранието на Република Северна Македонија започна расправата по интерпелациите за членовите на Судскиот совет. Прва на дневен ред е интерпелацијата за поранешната претседателка на Советот

Се спореше мојата стручност и компетентност, и на сето тоа не реагирав пред се да го зачувам угледот на Судскиот совет. Бев спремна дека вие политичарите ќе ги користите сите средства и начини да не девалвирате нас, носителите на судска власт, кои не ви одговараме. Не дојдов да се правдам и заштитам себе си, дојдов да застанам на страната на владеење на правото, истакна Дамева, отфрлајќи ги наводите од интерпелацијата.

Оливер Спасовски, пратеник од СДСМ, го критикуваше начинот на кој што власта преку интерпелациите врши удар врз правосудниот систем.

На членовите на Судскиот совет, одговорност може да утврдува само Судскиот совет, затоа, поднесените интерпелации како механизам за политичка контрола на Собранието над субјектите кои што ги кажав претходно е преседан и недозволен акт во една демократска држава, рече Спасовски.

Тој најави дека пратеничката група на СДСМ нема да учествува во понатамошната расправа на собраниската седница.

Елми Азири од Алијанса за Албанците истакна дека, како што рече „Денеска се прави притисок да се дадат оставки затоа што некој не може да дочека да ги преземе работите во свои раце“.

Никола Мицковски од ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше напуштањето на седницата од страна на СДСМ, истакнувајќи дека аргументите не се на нивна страна.

null

Талат Џафери, од ДУИ истакна дека денешниот дневен ред е двојна штета, прво за Судскиот совет, потоа за парламентарната демократија.

Начинот на интерпелацијата, редоследот на образложението на интерпелацијата покажува дека овие пет лица ги имаат идентификувано како политички субјекти во мандатот во кој што се избрани, рече Џафери.

Седницата продолжи со расправа за интерпелацијата на членот на Судски Совет, Павлина Црвенковска, а треба да се расправа и за интерпелациите на членовите Селим Адеми, Тања Чачарова-Илиевска и Миљазим Мустафа.

Весна Дамева интерпелација Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.