Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нашите закони ја штитат апстрактната држава од “корумпираниот” граѓанин

0
By Zoran Ivanov on March 19, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 19, 2025 08:04

Темелот на европското администрирање е обратен: Граѓанинот се штити од институционална неправда и злоупотреба, не обратно.

Катерина Колозова

Веќе 10 години објаснуваат мои колеги и јас со нив дека административниот систем сам по себе е корумпиран, каста за себе, дури и особено кога не е составен од новодонесени политички наградени кадри: земјава е од 1991 “делумно слободна земја” според Фридом Хаус во делот на демократски институции.

Дури и кога не е корумпиран службеникот, целата логика е коруптивна, бесконечни и бесмислени бирократски процедури за да не добиеш дозвола дури и кога исполнуваш услови, како систем на моќ врз граѓанинот и уцена. Секоја банална дозвола е пекол да се добие, а во овој Левијатан секој селски службеник- од оние неменлививите – има бесконечна моќ бесконечно да уценува, и да бара поткуп. “Од главата смрдела рибата,” и се одбива дека концептот на администрирање е на глава, наопаку ставен, оти првата филозофска вредност е обратна од таа на Европската повелба на темелните права (особено член 41): нашите закони ја штитат апстрактната држава од “корумпираниот” граѓанин, а не обратно.

Темелот на европското администрирање е обратен: Граѓанинот се штити од институционална неправда и злоупотреба, не обратно.

Во време на СДСМ пишуваме куп студии да го објасниме ова, и дека треба логиката да си ја сменат за да се “одзароби” државата. Се’ додека не се преустрои административниот систем а администрирање не прекине да биде дел од студии по право (друг пат сум објаснила зашто – долго е), нема одзаробување. Исто така, одговорноста мора да се децентрализира: со тоа што секој банален документ кој не може да го провери го потпишува министер, корумпираниот службеник кој одобрил е заштитен. Има како да се смени, но никој не нѐ чита како тоа се изведува. Барем да се зборува на ваков системски начин, може ќе се сменат нештата:

– управување е посебна гранка, и се учи како дел на студии на политики, јавно управување па дури и ко еден тип на менаџмент во јавни политики – не право.

– законот за администрација да се смени и да прекинат чиновниците да бидат заштитени од каква било казнивост.

– законот за управна постапка да не биде ѓоа-закон туку да дава материјални исходи: не да те враќа на стартот на постапката во бесконечен круг, туку да има пресуда- “ти си требал да добиеш дозвола, те оштетиле, ќе ти платат, службеникот одговара”.

– да се децентреализира одговорноста и надлежните службеници да си потпишуваат и со тоа да си одговараат лично оти од кај знае еден Миле Јанакиевски или Бектеши дека тој и тој клуб во Кочани исполнува стандарди – некој му дал хартија да потпише. Доста на секоја банална глупост, потпис на министер.

Така, не апсете рандом луѓе за оваа метастаза во системот туку фатете се со сериозно преустројување на нештата.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

 

администрирање граѓанинот државата Катерина Колозова Корупција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.