Турските власти го приведоа градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, клучен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, како дел од истрагите за корупција и тероризам, објави државната телевизија ТРТ, повикувајќи се на Обвинителството во Истанбул, пренесува CNN.
Издадени се и наредби за притвор за околу 100 други поврзани со градоначалникот, вклучувајќи го и неговиот советник за печат, Мурат Онгун, според државната новинска агенција Anadolu Agency.
За неколку дена главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) се спремаше да одржи прелиминарни избори, на кои се очекуваше Имамоглу да биде избран за нејзин претседателски кандидат.