Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациентите кои вдишале отровни гасови од пожарот се стабилни, но остануваат под контрола

0
By Marija Todorovska on March 21, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 21, 2025 14:25

На Клиниката за токсикологија досега проциркулирале 20 пациенти кои вдишале отровни гасови при стравичниот пожар во дискотеката во Кочани што се случи во неделата во раните утрински часови. Од нив 13 заради влошување на состојбата или заради потреба од механичка вентилација биле префрлени на други клиники, претежно на Клиниката за интензивно лекување, односно на КАРИЛ, а некои се транспортирани надвор од државата. На Токсикологија во моментов се хоспитализирани седум пациент, а сите овие 20 пациенти вклучувајќи ги и тие на КАРИЛ и во странство се во добра општа состојба, и се стабилни, информира на денешната прес-конференција директорот на Клиниката за токсиколоција д-р Андон Чибишев.

Кај нас во моментов се хоспитализирани седум пациенти кои имаат воглавно инхалирано голема количина на отровни гасови затоа што биле внатре во дискотеката додека таа горела. Немаат термички или механички повреди. Добра вест е што се сите стабилни без клинички манифестации. Меѓутоа ние не сме задоволни до крај од  лабораториските, токсколошките наоди и од наодот на метаболната состојба на пациентите. Тие ќе бидат задржани до понеделник. Дотогаш ќе бидат собрани сите наоди од иследувањата што ги правевме во претходните денови и ќе донесеме заклучок што понатму. Секако дека и откога ќе ги испишеме тие пацинети ќе останат извесен период под наша контрола, затоа што труењето со отровни гасови може да дадат доцни компликации, вели Чибишев.

Најмладиот пациент кај нив е на возраст од 19 години, а највозрасниот има 38 години. Сите пациенти што се хоспитализирани во медицинските установи во државата се следат конзилијарно од доктори од Клиниката за токсикологија. Се очекува еден пациент кој во моментов е згрижен на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ да биде префрлен на Токсикологија, со што бројката на хоспитализирани на Клиниката за токсикологија ќе изнесува осум.

На прашањето дали овие пациенти кои инхалирале отровни гасови при пожарот во дискотеката може да имаат трајни пследици, директорот на клиниката појасни дека при пожарот горела пластика, текстил, сунѓер при што биле ослободени повеќе видови штетни гасови меѓу кои јаглероден моноксид, јаглероден диоксид и цијанводород кои може да предизвикаат сериозни нарушувања на здравјето практично на целиот организам.

Многу е битно колкава концентрација имало во моментот кога индивидуата престојува во загадената средина и колку временски е долга изложеноста на тие гасови. Ние отприлика знаеме колку верме биле изложени нашите пациненти, но не ја знаеме концентрацијата. Досега сите иследувања што ги направивме кои иницијално се прават по протокол во вакви ситуации се или негативни или задоволителни. Мештутоа лабораториските и токсиколошките анализи кои што ги добиваме секојдневно, се уште не се во рамките на рефернтни вредности. Како терцијарна институција, ние не смееме да си дозволиме со нерефернтни вредности да ги пуштиме дома. Ќе ги задржиме до понеделник и потоа имаме направено план да ги контролираме подолг временски период, наведе Чибишев.

Тој потенцира дека вакви токсиколошки и биолошки анализи се направени веднаш кај сите пациенти пред приемот, за да се добијат што побрзо сознанија за колкав степен на труење станува збор.

На сите веднаш се земени, бидете убедени во тоа. По протокол материјал за токсиколошки и за биолошки анализи се зема веднаш практично пред приемот пред да се хоспитачлизира или опсервира пациентот, оти не знаеме како понатаму ќе се одвива состојбата… Овие резултатите покажуваат дека сите биле изложени на зголемена концентрација на јаглероден моноксид. Значи кај сите имаме детектирана покачена концентрација и на карбоксихемоглобин. Тоа е еден спој од хемоглобинот и јаглеродниот моноксид кој се создава кога се внесува голема концентрација на јаглероден моноксид и бидејќи има 270 пати поголем афинитет кон хемоглобинот од кислородот, го зазема неговото место, а бидејќи хемоглобониот е физиолошки пренесувач на кислородот, настанува блокада на дишењето, односно на размена на гасови и настанува тежок недостиг на кислород во сите ткива на организмот, и последиците што настануваат се поради тоа, вели Чибишев.

Според него, среќа е што повредените брзо се донесени, и многу брзо, стручно и енергично е реагирано.

Сите бевме вклучени практично целата клиника веднаш се посветивме на пацинентите и јас сум среќен што досега немаме загуба на човечки живот ни посериозни компликации заради таа хипоксија што настанува што може да биде трагична кога го зафаќа мозокот, потенцира директорот на Токсикологија.

Во однос на пациентот кој треба да биде префлен кај нив денеска од старата градска болница, тој кажа дека според неговите сознанија пациентот имал тегоби кои укажуваат на тоа дека има вдишано поголема концентрација на отровни гасови, а сите други повреди – термички и механички се санирани. Во договор со колегите од Хируршката болница, утврдено е дека нема потреба таму да лежи, а ќе биде задржан на Токсикологија уште неколку дена заради дополнителни анализи и натамошно следење.

 

Кочани отровни гасови пожар Токсикологија чибишев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.