Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски го најави самитот во Париз

0
By Zoran Ivanov on March 21, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 21, 2025 22:44

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека следната недела во Париз ќе се одржи самит на „коалицијата на подготвените“, група земји подготвени да ги финансираат и учествуваат мировните напори во Украина во случај на договор за прекин на огнот, пренесе „Укринформ“,

Зеленски на денешната прес-конференција со чешкиот претседател Петр Павел рече дека на самитот, за кој денеска зборуваше и францускиот претседател Емануел Макрон, ќе се разговара за идните безбедносни гаранции за Украина.

Следната недела имам билатерална средба со претседателот Макрон. Имаме многу теми за разговор. Се надевам на позитивен исход од тој состанок, рече Зеленски.

По оваа средба ќе следи самит на кој земјите од „коалицијата на подготвените“ ќе разговараат за „изгледот на контингентната инфраструктура“ и „кој е подготвен“ да биде дел од мировните напори во Украина.

Би сакал да извлечеме конкретни заклучоци. Разговарав за ова со претседателот Макрон, додаде украинскиот претседател.

Терминот „коалиција на подготвените“ се однесува на група земји кои се подготвени доброволно да учествуваат во меѓународните мировни и безбедносни мисии. Оваа идеја првпат ја предложи францускиот претседател Емануел Макрон како дел од дискусиите за меѓународните безбедносни гаранции за Украина по евентуалниот прекин на огнот со Русија.

Целта на „коалицијата на подготвените“ е да формира мултинационални мировни сили кои би помогнале да се следи прекинот на огнот, да се спречи понатамошен конфликт и да се гарантира безбедноста на Украина по постигнувањето на примирјето во Украина. Во оваа иницијатива се опфатени повеќе европски земји на чело со Франција и Велика Британија, а деталите дополнително ќе бидат елаборирани на претстојниот самит во Париз.

 

Зеленски Макрон Париз Состанок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.