Студентски собир, студентски пленум и граѓански мара денеска и за утре во Скопје се закажани три собири во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот го загубија 59 лица.
Трите собири се од три различни граѓански иницијативи.
Се повикуваат сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во Кочани, се вели во најавата на собирот на „Студентски пленум“.
Собир за денеска закажа и иницијативата „Студентски пленум“ која се појави неодамна. Ќе се одржи во 16:30 часот во Градскиот парк, додека за 16:59 е најавен е 60-минутен молк за жртвите од страна на граѓанската инивијатива „Које следен?“ .