Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Париз: Денеска Самот на „Коалиција на подготвените“ за мир и безбедност во Украина

0
By Zoran Ivanov on March 27, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 27, 2025 08:27

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвените“ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели со цел да се воспостават безбедносни гаранции за Киев како дел од можниот иден мировен договор со Русија, што се обидуваат да го постигнат САД, предводени од Доналд Трамп.

Самитот, како што рече Макрон минатата недела, треба да овозможи „финализирање“ на работата на договорот за воена помош за Украина „на краток рок“, според „постојаниот и одржлив модел на украинската армија за спречување на руските инвазии“ во иднина и за „безбедносните гаранции што можат да ги донесат европските армии“, вклучително и копнено распоредување на украинска територија.

Проблематичното прашање за испраќање војници на украинска територија во случај на прекин на огнот со Русија ќе биде во фокусот на денешниот самит.

Како што соопштија од француското претседателство, целта на состанокот ќе биде да се извлечат „оперативни заклучоци“, а агендата ќе се заснова на четири главни точки, од кои првата е натамошната воена поддршка на Украина и придонесите на секоја земја поединечно. Потоа ќе се разговара за модалитетите на „целосно примирје“, како и за подготовките за периодот што би следел по потенцијалното примирје.

Конечно, учесниците на самитот ќе разговараат за условите за распоредување на европските сили во Украина за гарантирање на мирот – иницијатива за која се залагаат пред се Макрон и британскиот премиер Стармер. Оваа последна точка најверојатно ќе биде предмет на жестока дебата, со оглед на тоа што неколку европски земји веќе се спротивставија на идејата или покажаа значителни резерви во овој поглед.

Според дипломатски извор, јавуваат повеќе новински агенции, на денешниот самит се поканети над 20 земји и од ЕУ и од НАТО, меѓу кои Велика Британија, Канада, Норвешка и Турција, а вчера во Париз пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На самитот ќе присуствуваат триесетина сојузнички земји, кои се подготвени да продолжат да и помагаат на Украина и да даваат безбедносни гаранции за евентуално примирје меѓу Москва и Киев, јавуваат француските медиуми.

Тоа ќе биде трета средба од ваков вид по состаноците во Париз на 17 февруари и во Лондон на 2 март.

Од Елисејската палата нагласуваат дека „сè ќе се одвива во совршена транспарентност со американските партнери“ и дека Макрон ќе го информира американскиот претседател Доналд Трамп за резултатите од самитот.

Макрон вчера го прими Зеленски во Елисејската палата како подготовка за самитот на земјите од „Коалицијата на подготвените“, како што соопшти француското претседателство.

Украинскиот претседател пред средбата изјави дека би сакал да знае „кој е подготвен“ да учествува во мировниот контингент во Украина.

 

коалиција Париз Самит Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.