Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по завршувањето на самитот во Париз на таканаречената коалиција на подготвените, изјави дека „Русија не сака никаков мир“
Во Елисејската палата, повеќе од триесет сојузнички држави на Кијив повеќе од три часа разговараа за финализирање на гаранциите за безбедност на Украина. Една од разгледуваните опции е распоредување на европски мировни сили во рамките на идна мировна спогодба со Русија.
Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека Москва се обидува да ги одолговлекува преговорите за да заземе уште поголема територија во Украина.
Зеленски, исто така, предупреди дека евентуално укинување на санкциите кон Русија во овој момент би било „катастрофа за дипломатијата“.