Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Традициите и значењето на Рамазан Бајрам

0
By Marija Todorovska on March 30, 2025 ТЕМА
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 30, 2025 07:01

Денеска верниците од исламската вероисповед го слават Рамазан Бајрам, крајот на светиот месец Рамазан за време на кој верниците постеа.

Рамазан е еден од Петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвораат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии — духовна, морална, солидарна и здравствена.

Пост

Рамазан Бајрам е празник кој го одбележува завршувањето на месецот Рамазан, месец во кој муслиманите практикуваат пост (саум). Постот почнува со изгрејсонце (сахур) и трае до зајдисонце (ифтар). Постот започнува со оброк наречен сахур, кој се јаде пред зора. Овој оброк е важен затоа што дава енергија за целодневното постење. Со залезот на сонцето, постот се прекинува со оброк наречен ифтар. Традиционално, ифтарот се започнува со фрлување на урма (сушена фурма), следен со вода и потоа обилен оброк. 

Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болните.

Ова е духовен чин кој има за цел да ја зголеми свеста за Божјата моќ и да поттикне личноста на самодисциплина, милосрдие и сочувство.

Муслиманите треба да посветат повеќе време и внимание врз следењето на исламските учења и да избегнуваат лоши мисли и нерелигиозни разговори.

За време на Рамазан, муслиманите се посветуваат на молитва и читање на Коранот, со цел да се духовно оснажат и да се приближат до Аллах.

 Една од најважните одлики на месецот е чистотата на мислата и активностите. Постот има за цел да го продлабочи искажување на почит и воспевањето на името на Бога, со што и самите верници стануваат поблиску до Бога.

Рамазан Бајрам

По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневниот празник Рамазан Бајрам, кој се смета за голем празник во исламот. Тоа е деветтиот месец во исламскиот календар и го означува почетокот на објавата на светата книга за муслиманите, Куранот.

Според исламската традиција, во месецот Рамазан, на ноќта позната како Лаилат ал-Кадр (Нокта на моќта), Аллах го започнал откривањето на Коранот на пророкот Мухамед преку ангелот Џибрил.

Откако пророкот Мухамед и неговите следбеници започнале да постат во месецот Рамазан како дел од нивната верска пракса, Рамазан Бајрам се воспоставил како празник за да се прослави завршувањето на овој свети месец на постење. Празникот има корени во првичната традиција која ја утврдил пророкот Мухамед, кога постењето беше објавено како задолжителен ритуал за муслиманите, а Рамазан Бајрам беше поставен како ден за благодарност и радост по успешното извршување на постот.

Прославување

Рамазан Бајрам е исполнет со традиции кои се различни во различни делови на светот, но некои основни елементи се универзални за сите муслимански заедници. Најчесто започнува со заедничка молитва (Бајрам Намаз) која се извршува на раноутро, по што следува оброк со семејството и пријателите. Во многу муслимански земји, обичаите вклучуваат носење на нова облека, размена на подароци и подготовка на традиционални јадења (бајрамско месо, аландити и баклава).

На празникот најмногу се радуваат децата бидејќи добиваат голем број подароци, но и нова облека и играчки. Децата добиваат слатки кога и да заѕвонат на ѕвоното на кој било дом.

Овој празник најчесто се честита со: „Бајрам шериф мубарек олсун“, што од турски значи „Нека е благословен благородниот празник“, а одговорот на оваа честитка е: „Аллах рази олсун“, што во превод значи: „Нека е Господ задоволен“.

Првиот ден од Бајрам се поминува во кругот на семејството кое се собира со најстарите членови, а утрото се посетуваат гробиштата, па се одбележува и како Ден на мачениците (паднатите борци).

Другите денови  се наменети за дружење со пријатели и познаници.

 

алах ифтар молитва Пост Рамазан Бајрам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.