НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трендафилов: Нападите кон ССМ нема да ги запрат барањата за повисоки плати

0
By Marija Todorovska on April 1, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нападите кон Сојузот на синдикатите на Македонија нема да го запрат синдикатот во барањата за повисоки плати и подобрување на животниот стандард на работниците, порача денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов потсетувајќи за утрешната јавна седница на Советот, претседателството и надзорниот одбор на ССМ која ќе се одржи во 12:05 пред Собранието, Стопанската Комора и Владата.

Со нечовечкиот однос кон синдикалните претставници не само што е повреден Уставот и законите во Македонија, туку има повреда и на меѓународните конвенции на трудот и за тоа веќе се известени Меѓународната организација на трудот, Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати кои даваат целосна поддршка на ССМ, истакна Трендафилов.

Праша дали ако го нема него или ССМ ќе се живее среќно и весело. – Не, рече, тој и повика функционерите да ги симнат розовите наочари со кои гледаат во нивните скапи и луксузни кабинети.

Трендафилов рече дека ССМ се загрижени за состојбата во која 250.000 работници примаат плата до 32.000 денари, а 380.000 работници примаат плата под просечната плата во земјата. Појасни дека јавната седница е против одлуката на Владата да ја зголеми минималната плата за само 1.800 денари, што синдикатот го смета за незаконско и недоволно. ССМ бара минималната плата да изнесува 30.000 денари, наместо предложените 24.300.

Според најавите, Јавната седница од пред ССМ ќе продолжи пред Парламентот, каде што синдикатот ќе порача дека не може да има подобрување на платите за пратениците без подобрување на платите за работниците. Пред Стопанската комора, ССМ ќе истакне дека поддршката на работниците е од суштинско значење за стабилноста на економијата. Завршниот дел од протестот ќе биде пред Владата, каде што синдикатот ќе побара да се вклучат работниците во одлуките за нивните плати.

минимална плата плати ССМ трендафилов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.