Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лејен: ЕУ спремна да возврати на ударот од САД

0
By Marija Todorovska on April 1, 2025 ВЕСТИ
Фото: Скриншот eudebates.tv
Фото: Скриншот eudebates.tv
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 1, 2025 16:16

На домашна агенда на ЕУ не може да се гледа одвоено од глобалните случувања, како што се заканите по глобалните просперитет и стабилност и растот на протекционизмот, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур на дебатата посветена од заклучоците на Самитот на Унијата одржан на 20 март.

 Кога започна сонот за обединета Европа, тој започна со едноставна идеја: Да создадеме еден единствен пазар. Да ги скршиме бариерите и да ги намалиме царините. Тоа е она што не направи силни… Потоа во истиот дух, работевме со партнерите ширум светот – вклучувајќи ја и Америка. Изградивме врски за кои верувавме дека се нераскинливи, рече Фон дер Лајен.

Токму поради ова, според неа, многу Европејци се чувствуваат крајно обесхрабрени од најавите од САД за царините за увозот на челик, алуминиум, автомобили и автоделови, по што ќе следат и секторите за полупроводниците и фармацевтските производи и дрвната индустрија, а потоа може да се очекуваат т.н. „реципрочни царини“.

 Да бидам јасна: Европа не ја започна оваа конфронтација. Мислиме дека е погрешна. Но, мојата порака до вас денес е и дека имаме се што ни е потребно за да ги заштитиме нашите луѓе и нашиот просперитет. Го имаме најголемиот единствен пазар во светот. Имаме сила да преговараме. Имаме моќ да возвратиме. И народот на Европа треба да знае: Заедно секогаш ќе ги промовираме и браниме нашите интереси и вредности. И секогаш ќе се залагаме за Европа, истакна Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека царини ги прават работите полоши, а не подобри, повторувајќи го својот претходно изнесен став дека царините се даноци за Американците за нивните намирници и нивните лекови, кои ќе ја поттикнат инфлацијата.

Американските фабрики ќе плаќаат повеќе за компоненти што се произведуваат во Европа. Ова ќе чини работни места. Ќе создаде бирократско чудовиште од нови царински процедури, а денес тоа никому не му треба – ниту во САД, ниту во Европа, рече претседателката на Еврокомисијата.

Фон дер Лајен потенцира дека ЕУ е отворена за преговори затоа што сака решение преку разговори насочено кон постигнување трговски биланс на стоки и на услуги, ќе продолжи да ја диверзифицира трговијата со други партнери преку трговски договори и ќе го удвои својот единствен пазар.

Европскиот парламент отсекогаш работел напорно за да го заокружиме единствениот пазар. Сега имаме генерациска можност да го завршиме тоа, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), бариерите на европскиот внатрешен пазар се еквивалентни на царини од 45 отсто за производство и 110 проценти за услуги.

Таа нагласи дека тоа мора да се промени веднаш и за таа цел го задолжила извршниот потпретседател на ЕК за  просперитет и индустриска стратегија Стефан Сежурне веќе следниот месец да предложи „конкретни и смели предлози“ за отстранување на некои од бариерите на европскиот пазар и за спречување на појава на нови.

Овие реформи се задоцнети. И сега тие станаа поитни од кога било досега. Во бурна глобална економија, Единствениот пазар е наше безбедно пристаниште. Триесет години откако Жак Делор го постави неговиот камен-темелник, време е да ја завршиме работата, нагласи Фон дер Лајен.

ЕУ САД Фон дер Лајен царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.