НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кекишев призна дека бил под влијание на Палчо и не бил свесен за своите дејствија

0
By Marija Todorovska on April 2, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинетиот Влатко Кешишев за случајот со убиствата на Вања и Панче денеска одговараше на прашања на јавниот обвинител кои се фокусираа  на комуникациите со сообвинетите, мотивите и свесноста на обвинетиот за сериозноста на ситуацијата. Кешишев призна дека бил под влијание на Љупчо Палевски, но тврди дека не бил целосно свесен за своите дејствија.

Прашан дали е логично, ако не оделе да убиваат некого да го остават телефонот во Скопје за да не се открие нивното движење, тој одговори дека имале мотороли и како што рече, „никој никогаш не правеше муабет за убиства“.

Прашан дали му било логично откако се вратиле другите да не разговараат ништо и да не праша што се случило со телото на лицето, одговори дека не знае.

Не знам дали е логично ,но никој не разговараше. Кога стигнавме во штабот направив кафе и сокови и тогаш се напомена дека е убиен, рече тој.

Во однос на прашањето дека од негова страна немало никаква реакција дека се случило убиство на 22.11.2024 во Велес, одговори дека не пријавил никаде бидејќи, како што рече „прво бев збунет, потоа не можев да го напуштам штабот“.

На прашањето од обвинителката дека во неговиот мобилен телефон Љупчо Палевски е мемориран како „Царот“, односно дали тоа значи дека слуша сѐ што ќе му каже и нареди Љупчо Палевски, Кешишев одговори потврдно.

Согласно вештачењето, праша обвинителката, вие сте здрава личност, дали тоа значи дека свесно и доброволно сте ги презеле сите дејствија?

Не баш свесно, по навика што му бев послушен бидејќи ми кажа да не зборам многу, да ќутам, да седам на страна, ќе бидам на страна, рече тој.

На прашањата дали се бришени комуникациите со Љупчо Палевски и останатите обвинети, одговори дека не ги бришел тој бидејќи не знае како се бришат. Прашан дали му било познато дека учествувал во настан во кој треба да се уништат сите траги, одговори да. -Свесно или не свесно не можев него да го предадам пред сѐ и уште не ми беше јасно што се случи и како, не бев свесен за целата состојба, потенцираше Кешишев.

Тој посочи дека сѐ што се гледа на сликите од обвинителството е точно.

Прашањата околу конкретни детали за убиството на Вања не ги одговори, посочувајќи дека не видел.

Откако обвинителството заврши со прашањата, судењето продолжи со читање на исказот на Кешишев од страна на судијата Ивица Стефановски, со цел обвинетиот Љупчо Палевски, кој претходно беше отстранет од судењето поради сомневање за влијание на исказот на Кешишев, да се запознае со исказот. Потоа прашања треба да поставува одбраната на обвинетите.

Вања кекишев Палчо Панче сведочење убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.