НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти: Автогол со царините – САД ќе влезат во рецесија веќе во јуни

0
By Zoran Ivanov on April 4, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трамп се коцка со надежта дека нашите најголеми партнери ќе се согласат со условите што им штетат и ќе ни користат.

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика нова бура меѓу економистите објавувајќи големи царини за голем број земји, само еден ден откако го прогласи својот потег за „Ден на ослободувањето“. Експертите предупредуваат дека оваа одлука може дополнително да ги оддалечи трговските партнери од САД и дополнително да ги потресе берзите.

Марк Вилијамс, предавач за финансии на Универзитетот во Бостон, изјави за Newsweek дека ако оваа ситуација продолжи, „САД би можеле да бидат во рецесија веќе во јуни оваа година“.

Трамп завчера одржа прес-конференција на која најави нови царини за голем број трговски партнери, нарекувајќи ја „декларација за економска независност“. Канада, Кина и Мексико беа особено мета на неговите изјави, каде што тој ги обвини тие земји дека испраќаат рекордни количини фентанил, лек кој предизвикува масовна зависност и смрт, во САД.

Канада силно одговори на неговите обвинувања и се закани со контрамерки против американските стоки.

Трамп најави царина од 34 проценти за стоки од Кина, 24 проценти за Јапонија и 26 за Индија. Тој тврди дека овие мерки се одговор на „постојните царини и форми на мамење“ што, според неговите зборови, тие земји ги спроведуваат против САД. „Овие царини се патетични“, рече Трамп и ги обвини партнерите дека ја „ограбуваат Америка“.

Вилијамс рече дека потезите на Трамп се „полни со магично економско размислување“ и игнорираат осумдесет години докажани глобални трговски принципи.

„Лудо е – да се однесувате како САД сами да ги контролираат сите бројки на таблата, додека трговијата е глобално испреплетена. Трамп се коцка со надежта дека нашите најголеми партнери ќе се согласат со условите што им штетат и ќе ни користат. Но, во трговските војни, земјите ги штитат своите пазари и возвраќаат. Ова води до инфлација, економски забавувања, губење на работни места“, рече Вилијам.

 

Рецесија САД Трамп царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.