Марина Тунева: Кога законите важат само за некои, тоа е привилегија, не систем. А вистински систем се гради со тивка лична одговорност, не со гласни изговори. Со постапки кои никој не ги бара од тебе, ама ти знаеш дека се исправни. Како кога си пишуваш казна сам на себе. Или како кога граѓани во Дебар маало во Скопје инсистираат да се подигне непрописно паркирано луксузно возило, без оглед на тоа чија е табличката и без разлика кој седи зад воланот. Нема големи промени без мали примери. Нема доверба без доследност. И нема почит за правилата, ако првите што треба да ги почитуваат први ги кршат. И нема правна држава таму каде што законот се почитува само од оние што немаат моќ.
Извор: ФБ ѕидот на авторката