НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кешишев: Му бев десна рака на Палчо

0
By Marija Todorovska on April 7, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешното судење за убиството на Вања и Панче, обвинетиот Влатко Кешишев одговарајќи на прашања на судијата Ивица Стефановски даде исказ за настаните поврзани со случаите, откривајќи детали за киднапирањето и убиствата на Панче и Вања. Тој сведочеше и за својата улога во партијата „Десна“ и за настаните кои довеле до трагичниот исход.

Кешишев образложи дека бил домар во политичката партија „Десна“ каде што и престојувал. Тој потврди дека готвел храна за Палчо, за себе и за присутните, додека, за гостите и симпатизерите правел и служел кафе и сок.

На прашањето дали секогаш го правел тоа што му кажувал Палчо, одговори „да, му бев како десна рака“.

Одговарајќи на прашања на судијата, Кешишев раскажа за подготовките за киднапирањето на Панче и моментот кога слушнал истрел, но нагласи дека бил далеку од местото на настанот.

Кога беше убиен Панче, бев многу далеку и не знам што се случуваше, рече тој.

Тој посочи дека не бил свесен за плановите кои воделе до убиството.

Во својот исказ, Кешишев истакна дека бил предупреден да молчи за случувањата, одговарајќи на прашањето зошто после убиството на Панче не се откажал.

Првиот пат ме опомена Вељо кога ја завршивме дупката, дека „за ова не смее никој да знае, може и глави да летаат,“ сведочеше тој, додавајќи дека го сфатил тоа како закана.

Прашан врз основа на што ја темели претпоставката дека во ранецот што го носел Палчо бил пиштолот, одговори „Мојата претпоставка е дека тој би се забележал на појасот на тој што го носи“. На дополнителното прашање дали тоа значи дека се носи пиштол за да се оди да се грабне Панче одговори „Не знаев додека не се случи сето тоа што се случи“.

Прашан на што ја базира претпоставката дека пиштолот го има Боре одговори дека заклучокот го извел од судница. -Според она што се зборуваше, дека пиштолот бил на Боре, Боре призна дека има пиштол, не знае каде е, по таа логика помислив дека е негов. Заклучокот го извлеков од судница, рече Кешишев.

Кешишев одговори потврдно на прашањето дали снимките што ги видовме во судот беа од моментот на грабнувањето.

Во однос на прашањето дали автомобилот Рено Кангу било чистено со WD40, одговори „не видов, мислам не“.

Вања кешишев Палчо Партија Десна судење убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.