Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК усвои Акциски план за трансформација на Европа во континент на вештачката интелигенција

0
By Marija Todorovska on April 9, 2025 СВЕТ
Фото: PIxabay
Фото: PIxabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 9, 2025 13:05

Вештачката интелигенција е од суштинска важност во напорите за изградба на поконкурентна, безбедна и технолошки суверена на Европа, па од тие парични Европската комисија денеска усвои Акциски план за континент на вештачката интелигенција, соопшти извршната потпретседателка на ЕК за технички суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен.

Глобалната трка за вештачката интелигенција е далеку од завршена. Сега е време да се дејствува. Овој Акциски план ги истакнува клучните области каде што треба да се интензивираат напорите за да се направи Европа водечки континент за вештачката интелигенција, нагласи Виркунен на прес-конференција на која го промовираше усвоениот Акциски план.

Виркунен посочи дека Европската комисија работи на креирање на иднина каде што технолошките иновации ќе ги придвижат индустријата и јавните услуги, носејќи конкретни придобивки за граѓани и бизниси на ЕУ, преку создавање на „доверлива вештачка интелигенција“. – Тоа ќе значи посилна економија, иновации во здравството, нови работни места, зголемена продуктивност, подобар транспорт и образование, посилна заштита од кибер закани и поддршка во справувањето со климатските промени, додаде Виркунен.

Целта на оваа амбициозна иницијатива е Европа да стане глобален лидер во вештачката интелигенција, преку трансформација на традиционални европски индустрии и на исклучителниот европски фонд на таленти во моќни двигатели на иновации и за забрзување на користењето на вештачката интелигенција.

Се очекува овој Акциски план да ги зајакне капацитетите на ЕУ за креирање на иновативна вештачка интелигенција преку активности и политики насочени кон изградба на големи центри на податоци и компјутерска инфраструктура, зајакнувањето на иновативните проекти со вештачка интелигенција, развој на алгоритми и поттикнување на нејзиното користење во стратешките сектори, зголемување на вештините за примена на вештачката интелигенција и преку регулаторно поедноставување.

Со денешното усвојување на Акцискиот план, Европската комисија го започнува процесот на јавни консултации со сите заинтересирани страни за Законот за развој на облак и вештачка интелигенција и за идентификување на приоритетите за примена на вештачка интелигенција и на предизвиците поврзани со неа.

Консултациите ќе траат до 4 јуни годинава и заклучоците од нив ќе се искористат за понатамошно обликување на иницијативи поврзани со Акцискиот план за континент на вештачката интелигенција.

За во мај е предвиден старт и на трета јавна консултација за Стратегијата на ЕУ за податоци, а паралелно Европската комисија ќе организира и дијалози со претставниците на индустријата и јавниот сектор за обликувањето на Стратегијата за примена на вештачката интелигенција.

Овие дијалози, заедно со јавните консултации, ќе идентификуваат релевантни примери на неискористен потенцијал во усвојувањето на технологии со вештачка интелигенција во одредени сектори, нивната интеграција во деловните и производствените процеси и можностите за нивна поголема примена во рамките на овие сектори и пошироката економија, посочи ЕК.

Европскиот Закон за вештачка интелигенција стапи во сила лани на 1 август, а на 4 февруари годинава ЕК објави Упатства за забранети практики поврзани со вештачката интелигенција. Кон крајот на јануари започна и примената на пакетот мерки за поддршка на европските старт-апи и мали и средни претпријатија во развојот на доверлива вештачка интелигенција.

ЕК досега избра седум конзорциуми кои работат на формирање на „фабрики за вештачка интелигенција“.

Акциски план Вештачка интелигенција ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.