НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пандов: Во затворот во Штип полицајци му помагалале на затвореник да пронајде топка со дрога префрлена во дворот, тие пак ја обвинуваат „кучката Цеца“

0
By Marija Todorovska on April 9, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управата за извршување санкции извршила вонреден инспекциски надзор во КПД Штип, по инцидент во кој затворски полицајци помагаат на затвореник да пронајде топка со дрога префрлена во дворот на затворот, и сите документи денеска ги поднеле со кривична пријава во Обвинителство, информираше директроот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов.

За настанот што се случил на 20 февруари годинава во КПД Штип, како што информираше Пандов, денеска на заедничка прес-конференција со директорот на КПД Штип Дејан Здравев и неговиот заменик Ѓорѓи Хубев, внатрешната контрола идентификува дека учествувале командирот на смена, петмина затворски полицајци кои помагале во барањето на дрогата и уште еден кој бил дежурен на капија таа вечер, како и тројца членови на Комисијата, која потоа донела одлука дека тие не се виновни за инцидентот.

Како што појасни Пандов, има и видео запис од видео надзорот од Затвор Штип на кој се гледа дека на 20 февруари годинава во 21:40 часот доаѓа возило, кое ја поминувата првата и доаѓа на втората капија, каде затворскиот полицаец M.T. во дежурана не го запишува, иако е должен тоа да го направи. Од возилото излегува лице кое што доаѓа до ѕидот на самиот затвори и преку ѕидот префрла топка, додека внатре се појавува затвореник со иницијали Ж.Ж, кој разговара на телефон и уште еден со иницијали Р.К. и бараат нешто во тревникот. Возилото и двете лица во него, кои ја префрлаат дрогата, како што појасни Пандов, подоцна исто така, се пронајдени.

Потоа, посочи Пандов, доаѓа затворски полицаец кој им вели дека треба да се вртат и да се оддалечат.

– По наредба на командирот, кој што во тој момент е на смена Т.И. се повикани уште четворица затворски полицајци со иницијали З.Г., Т.С., С.Ј., М.Т., С.М. Затвореникот и понатаму говори на телефони и бара нешто низ тревникот. Се поздравува со сите тие затворски полицајци, а да не говорам дека тој не смее да има телефон во рака. И, тоа што е најфрапантно, истите тие затворски полицајци со батериски ламби се вклучуваат во барање на нештото. Не наоѓаат што не наоѓаат, нагасува Пандов.

Наредниот ден дознава и директорот на затворот и по негова наредба се пребарува дворот и се наоѓа топка во кеса, во која се пронајдени 35 грама бела прашкаста материја, веројатно кокаин и 50 грама марихуана.

Кога директорот ги прашува командирот и затворската полиција што барале и зошто не реагирале, објаснувањето и во нивната службена белешка е дека им било предочено дека затвореникот Ж.Ж си играл со кучката Цеца, тој имал скап часовник за кој им навел дека чини најмалку 1 000 евра, кој мора да потенцирам дека го нема пријавено дека е донесен во Затвор Штип, дека му го има земено кучката Цеца, дека трчала низ тревникот и дека го изгубила. Па, овие, за да му излезат во пресрет го бараат часовникот, појасни Пандов.

Дрогата, рече Пандов, веднаш е пријавена во СВР Штип, а по наредба на директорот се формира дисциплинска комисија, составена од пет члена, кои ја имаат видео снимката, која одлучува на 28 март годинава дека затворските полицајци не се виновни.

Една госпоѓа во ресоцијализација и уште еден затворски полицаец гласаат дека се виновни и треба да бидат дисциплински казнети, но за жал, полицајците Б.Д., К.П. и З.А. не пронаоѓаат вина и веруваат во тоа дека затворската полиција го барале часовникот што наводно го губи затвореникот Ж.Ж., а кучката Цеца му го има однесено. Притоа мора да потенцирам дека овие затворски полицајци македонската држава, нас како даночни обврзници, не чинат најмалата плата од сите овие затворски полицајци кои учествуваат во овој дел е 57 илјади денари, а најголемата  е 67 илјади денари, со средно образование, изјави Пандов.

Затворениците Ж.Ж и Р.К. Пандов рече дека се од Кочани и Струмица, од кои едниот е познат човек во македонското подземје и кој повеќе од 20 години е по македонските затвори за повеќе кривични дела.

Корупцијата во затворите е на многу високи ниво и Пандов нагласи дека и Управата за извршува санкции и најголем дел од директорите на затворите кои сега се имаат цврста намера до крај да се борат.

Прашан дали верува дека може да се надмине ваквата состојба во македонските затвори, Пандов рече дека верува, но за тоа да се случува, како што нагласи, треба сите кои затворски полицајци кои денеска ги прочитал со иницијали да го загубат работното место и исто да бидат затвореници.

Корупцијата е таа што го дозволува тоа. Целиот систем во Македонија, она што го наследивме, секој еден од нас е сведок, дека е високо корумпиран, меѓутоа затворскиот систем е најкорумпиран. Тие луѓе дозволиле да бидат изманипулирани и потпаднале под парите кои што ги имаат затворениците, изјави Пандов.

Низ затворите, посочи Пандов, имаме луѓе од разни кланови, кои работеле со дрога и мигранти и дел од нив се исклучително богати и имаме примери од чесни полицајци или директори на затворите, за суми пари од неколку илјади евра кои се нуделе за обичен телефон.

затвор Пандов полицајци Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.