НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Си Џипинг: Никогаш нема да и` се предадеме на американската тиранија

0
By Zoran Ivanov on April 11, 2025 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди дека неговата земја „никогаш нема да попушти на неразумно однесување“.

Според South China Morning Post -SCMP, Си му рекол на шпанскиот премиер Педро Санчез дека Европската унија треба да и’ помогне на Кина да се спротивстави на „едностраната царинска тиранија“ воведена од американскиот претседател Доналд Трамп.

Си ја даде оваа изјава за време на неговата прва средба со странски лидер од почетокот на трговските конфликти меѓу Пекинг и Вашингтон.

Тој нагласи дека Кина и европскиот блок мора да преземат меѓународна одговорност и „заеднички да се спротивстават на едностраната тиранија“ што произлегува од новововедените американски царини. Според SCMP, тој индиректно укажа на непредвидливата политика на Доналд Трамп, која предизвика нестабилност на глобалните финансиски пазари.

Американскиот претседател воведе царина од 145 отсто за кинескиот увоз, што ја зголеми ефективната стапка на царината на приближно 156 отсто, според порталот. Кина одговори со зголемување на тарифите за американските стоки прво на 84 отсто, надминувајќи ги и претходно воведените царини. Во петокот беше објавено дека Кина ќе ги зголеми тарифите за американскиот увоз на 125 проценти почнувајќи од сабота.

Нема победник во царинската војна, а кој ќе му се спротивстави на светот ќе заврши во изолација. Повеќе од седум децении, растот на Кина беше поттикнат од самодовербата и напорната работа што никогаш не зависела од милоста на другите, ниту пак некогаш ќе попушти на неоправдан притисок. Кина ќе ја задржи својата решителност во сите околности и ќе се фокусира на ефикасното решавање на сопствените прашања.

Посетата на шпанскиот премиер на Пекинг доаѓа во сложен момент и за Европа и за Кина. Тарифите објавени од американскиот претседател минатата недела – а потоа суспендирани за повеќето земји освен Кина – може да доведат до тоа ЕУ да се обиде да ја прошири трговијата со Кина. По САД и ЕУ, Кина е трет најголем потрошувачки пазар во светот.

Владата на Педро Санчез објави дека Шпанија сака да ги прошири своите економски врски со Кина. Тарифите на Трамп би можеле да погодат дури 80 отсто од шпанскиот извоз.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент во вторникот го предупреди Мадрид да не прави отстапки за Кина, велејќи дека Шпанија – или која било друга земја што ќе се обиде да се приближи до Кина – ќе си го „пресече грлото“ бидејќи кинеските производители се обидуваат да продаваат стоки што не можат да ги продаваат во САД.

Шпанскиот министер за земјоделство Луис Планас изјави дека проширувањето на трговските односи што Шпанија го постигнува со другите земји „не е насочено против никого“.

Секој мора да ги брани своите интереси, рече Планас, кој го придружуваше Санчез во Пекинг.

 

агресија Американска никогаш предадеме џипинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.