Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Делегацијата на ЕУ во Скопје за скандалозниот избор на Богојески: Ја имаме предвид загриженоста за неговиот избор

0
By Zoran Ivanov on April 16, 2025 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 16, 2025 13:20

Од Мрежата за заштита од дискриминација побараа повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми.

Делегацијата на Европската Унија во РСМ, за Порталб.мк, се огласи во врска со скандалозниот избор на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Велат дека се запознаени со претходните изјави на актуелниот директор во јавноста, но очекуваат Богојески во иднина да се однесува согласно темелните вредности на ЕУ.

Европската комисија ги зема во предвид медиумските известувања во врска со назначувањето на г-дин Петар Богојески за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Северна Македонија. Оваа агенција, основана од Министерството за образование и наука, е одговорна за спроведување на програмите „Еразмус+“ и Европскиот корпус за солидарност под индиректно управување во Северна Македонија. Комисијата не беше вклучена во процесот на селекција и номинација на господинот Богојески, а се уште не е официјално информирана“, велат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, велат од ЕК за ппорталот „Порталб.мк“.

Оттаму потврдуваат дека се свесни за значителната загриженост во врска со некои негови претходни/поранешни јавни постапки и изјави.

Очекуваме директорот на Националната агенција што раководи со една толку важна  програма на ЕУ да ги поддржува основните вредности на ЕУ, кои опфаќаат почитување на човековото достоинство и права, слобода, демократија, еднаквост и владеење на правото. За овие прашања ќе разговараме и со Министерството за образование, соопштија од делегацијата на ЕУ во Скопје.

Од Мрежата за заштита од дискриминација побараа повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми, поради неговите изјави со вознемирувачки јазик, навреди и говор на омраза, како и неговите дејствија што се косат со европските вредности.

богојески ЕК загрижени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.