Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кочани: Потресни пораки од протестот – родителите на загинатите најгневни на полицијата

0
By Zoran Ivanov on April 19, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 19, 2025 18:58

Предвреме известивте за рацијата, а задоцнивте за животите на нашите деца. Зошто ги пуштивте убијците на нашите деца, да го дочекаат празникот со нивните семејства. А знаете ли каде ние ќе го дочекаме празникот?  Доручек, ручек, вечера на гробишта.

Ова беа дел од прашањата и пораките кои ги упатија родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на денешниот трет протестен марш „Задоцнета реакција“.

Родителите со слики во рацете од загинатите деца зборуваа дека рацијата била предвреме најавена, а полицајците не им помогнале во спасувањето на повредените, а конкретно една од мајките рече дека не и помогнале да го одведе детето до автомобил и стоеле со скрстени раце.

Никој не им помогнал на нашите деца, никој, да им помагале ќе беа во болница. Јас моето дете го најдов на два чекори пред вратата, уште мирисаше на парфем – рече една од мајките.

На протестот се дофрлуваше дека некои од тие што ги пуштиле се шетале во Дубаи, а газдарицата на дискотеката се шетала низ градот.

Полицијата пред време ја најави рацијата и полицајците цел час имаа чекано надвор за да ги скријат малолетниците и да ја продаваат со соучесниците на монструмот дрогата. И кога влегле, тие знаат дека било доцна. Рација не се прави најавено. Марицата кружела околу пулс од 12 30. Јавна тајна е дека дел од полицајците, инспекторите имале бенефит од тоа. Ама зошто, зошто нашите деца да платат? Тоа е болката. Сите овие деца се од чесни семејства, родителите чесно ги заработувале своите пари. Зошто баш ние, не сме соучесници ние не сакаме мито не сакаме корупција – рече една од мајките.

Едно девојче кое било во дискотеката кобната моќ сведочеше дека ги молела полицајците да помогнат, но тие не помагале.

Порачаа дека правдата мора да излезе на виделина и дека ќе продолжат да протестираат.

Ќе продолжиме да излегуваме и да ги потсетуваме челниците на оваа скапана држава дека сме тука и до наш последен здив ќе ја бараме правдата за сите починати и повредените на 16. март, бидејќи ги закопавме нашите деца поради нечии грешки, поради тоа што некој бил корумпиран, поради тоа што ја злоупотребил својата функција за пари, за корист за личен бенефит – рече една од мајките.

Пред општинската зграда излезе в.д. градоначалникот Венко Крстевски и им вети дека заедно со нив ќе се бори за правда. Кажуваа каква иднина ги чекала секој од загинатите млади луѓе, „Ова е ди-џејот“, „Ова е фудбалерот“, „Ова е модниот дизајнер“, „Ова е програмерот“….

Маршот започна од Паркот на револуцијата, а потоа насобраните се движеа кон Трговскиот центар, зградите на Општината, Полицијата и завршија пред зградата на кочанското Основно јавно обвинителство.

На денешниот собир беше порачано: „Нашите деца беа убиени од алчноста – правдата мора да излезе на виделина“!

Протестот се предводеше со транспарентот „Пулс од 2012 до 2025, истрага од 2025 до 2038, судење од 2038 до ???“

Ова е трет протестен марш што се одржува во организација на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.

 

виновни Кочани полиција протест родители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.