Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каде е нашиот Пикачу?

0
By Marija Todorovska on April 22, 2025 ИЗБОР
Фото: Фронтлајн
Фото: Фронтлајн
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 22, 2025 11:50

Пикачу претставува совршен симбол на отпор токму затоа што е аполитичен. Тој не носи идеологија, туку е емоција – симбол на детството, пријателството, слободата и енергијата.

Јане Ѓорѓиоски

Пикачу е еден од најпознатите иконични ликови од јапонската франшиза Покемон, создадена од Nintendo, Game Freak и Creatures. Тој е електричен покемон од типот Electric, и претставува еден вид измислено суштество што може да се тренира, да се бори и да се развива во други форми.

Некогаш само симпатичен електричен глушец од Јапонија, денес Пикачу е глобален симбол на поп-културата. Но последниве години, неговата жолта силуета почна да се појавува на места каде што најмалку би ја очекувале: на протести, демонстрации и маршеви за слобода. Од Турција до Србија, од Хонгконг до Чиле, Пикачу се пресели од екранот на улицата. Зошто?

Во суштина, Пикачу претставува совршен симбол на отпор токму затоа што е аполитичен. Тој не носи идеологија, туку е емоција – симбол на детството, пријателството, слободата и енергијата. Кога ќе се појави меѓу транспаренти и гневни лица, неговото присуство носи неочекуван, дури и ироничен ефект: насмевка во лице на репресијата.

На протестите против Ердоган во Истанбул, Пикачу стана симбол на младинскиот отпор – мека сатира на тврдата власт. Младите го носеа на транспаренти како своевидна “електрична револуција”. Пикачу се појавува и во Србија, на студентските протести против авторитаризмот. Жолт, нежен, но истовремено симбол на електрична енергија, Пикачу стана тотем на гневот кој одбива да биде мрачен.

Филозофски гледано, Пикачу е симулакрум – како што би рекол Бодријар – симбол без оригинал. Тој е празна форма што може да се исполни со нова смисла. И токму затоа функционира: секое движење, секој протест, може да го присвои. Пикачу станува отворен знак на слободата, невидливиот шампион на оние кои немаат медиумска моќ, но имаат фантазија.

Во ерата на интернет и мемиња, иконите на отпорот не мора веќе да бидат сериозни, историски или класично херојски. Напротив – тие се понекогаш гушкави, шарени и направени за анимација. И во тоа нема ништо банално. Напротив – тоа е форма на отпор што ја користи алатката на противникот (медиумот, брендот, поп-културата) за да му се спротивстави. Како електричен удар преку насмевка.

Нашиот Пикачу пак, е завиен во меланхолијата на медиумски опресираната политичка, социјалена и културна апатија. Дреми некаде помеѓу белата палата и шампитата, сопнат од пропагандната машинерија и медиумски испраните мозоци зачинети со инфлуенсерски реалтивизаторски досетки.

Дали ќе блесне како симбол на отпорот и кај нас тој тивок молскавичен бунт, таа жолта искра на отпорот што свети посилно од било кој официјален симбол, искрено, се сомневам.

Ако се земе соодносот Петстотини на петстотини, малку надеж има за нас.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Јане Ѓорѓиоски отпор пикачу протести фронтлајн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.