При посетата на Гримзби, војвотката од Кембриџ Кејт кратко да разговарала со локалните жители и сосема случајно ја открила тајната за која наскоро ќе зборува целата планета, пренесува Дејли мејл.
Откако една жена од насобраните граќани, Кејт Бартон ѝ подарила кадифено мече, војвотката сосема спонтано кажала дека ќе го подари на својата ќерка, но откако сфатила што кажала, се поправила и кажала дека не е сигурна.
Британските медиуми нејзината грешка ја сфатиле сериозно и пишуваат дека британската монархија чека престолонаследничка.
Кралското семејство не сакало да ја коментира веста, па дури и извори блиски до кралицата тврдат дека тие навистина не го знаат полот на бебето.