Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Разорното дејство на корупцијата

0
By Zoran Ivanov on April 25, 2025 ИЗБОР, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 25, 2025 23:20

Едноставно, имате преседан на Правниот факултет. Ако може на Правен, може секаде. Недостатокот кај гореспоменатата докторска дисертација е формален и лесно можеше да се корегира преку поништување на донесените акти и повторување на постапката. Тоа само ќе одземеше неколку месеци, што е ситна работа. Наместо тоа, се постави преседан со кој се уништи член 136 став 9 од ЗВО. Или што би се рекло: за шницла, заклавме вол!

 Тони Дескоски

Нашава држава се соочува со корупција од ендемски тип, таложена со децении. Сите оние што се изненадени од континуираниот неуспех за подобрување на состојбите на ова поле, треба да се соочат со горчливата вистина: кај нас органите кои се задолжени за вршење надзор над законитоста во работењето на институциите се парализирани и проработуваат само по исклучок.

Ако малку се проанализираат податоците, се доаѓа до заклучок дека сето тоа нефункционирање на надзорните органи е некако меѓусебно координирано, по принципот почешај ме, за да те почешам. На тој начин се создава чадор за заштита на беззаконието и самоволието, наместо да се обезбеди функционирање на законот.

Најеклатантен пример е СЈО, големата надеж која заврши во трагикомичен корупциски скандал кој резултираше со затворска казна за обвинителката.

Деновиве сите се исчудуваат за случајот со Претседателката на Анткорупциската комисија. Но, никој не се чудеше на тоа што откако е избран овој состав, антикорупционерите се бавеа претежно со добивање на дипломатски пасоши и со незабележување на еклатантните незаконитости поврзани со еден многу високо позициониран државен функционер.

Корупцијата ни е длабоко вгнездена во сите области. Бидејќи сум од универзитетската средина, најнепосредно се соочувам со корупцијата во високото образование.

Годинава решив да преземам и конкретен чекор, па поднесов пријава до Просветната инспекција, затоа што на Правниот факултет беше одбранет докторски труд, каде спротивно на член 136 став 9 од ЗВО немаше тројца членови избрани на областа Меѓународно јавно право, од која беше одбранетата тема. Оваа одредба пропишува:

„Комисијата за одбрана на докторскиот труд се состои од пет члена од кои најмалку три се од СООДВЕТНАТА научна ОБЛАСТ од установата која ги организира докторските студии.“

Школски пример за незаконитост.

Го ставив системот на испит и како што претпоставував, се активираа сите механизми за заштита на беззаконието. Бев повикан од просветната инспекторка која постапувала по мојата пријава и не можев да поверувам во она што ми беше соопштено од неа: Дека зборот „СООДВЕТНАТА“ означувал множина, односно тројцата членови можеле да бидат од различни области, а не од онаа од која е одбранетиот докторат. Суштината била тројцата членови да се од области кои се блиски до темата, а не од областа од која е темата. Пробав да и објаснам дека таа одредба е уште од претходниот ЗВО и никој никогаш не пробал под „соодветната област“ да подразбере повеќе области. И дека со ова целосно го руши правилото од член 136 став 9 од ЗВО. Најсмешно е кога просветната инспекторка ќе ве праша: „против кого е Вашата пријава“? Во нејзиниот ментален склоп едноставно не може да се вклопи дека пријавата не е против никого конкретно.

Така што, уважени колеги од универзитетите во земјава, при формирањето на комисииите за оценка и одбрана на докторски трудови, воопшто не се мачете да има тројца членови од областа од која е темата на докторатот. Можете да си формирате комисии со членови од кои сакате области, за кои вие ќе најдете дека се соодветни за темата, но не и од областа од која е темата.

Едноставно, имате преседан на Правниот факултет. Ако може на Правен, може секаде.

Недостатокот кај гореспоменатата докторска дисертација е формален и лесно можеше да се корегира преку поништување на донесените акти и повторување на постапката. Тоа само ќе одземеше неколку месеци, што е ситна работа. Наместо тоа, се постави преседан со кој се уништи член 136 став 9 од ЗВО. Или што би се рекло: за шницла, заклавме вол!

Исто така, заради една личност со докторат во несоодветна област (а не во областа на која е избрана), во Фраскатиевата класификација на трето ниво од 2024 година, Меѓународните односи се научна област од научното поле „Право“, иако и почетник знае дека станува за област од полето на Политичките науки. Да е жив, Хенри Кисинџер би бил запрепастен дека бил научник од областа на правото, а не од областа на политичките науки.

Заради ситни лични интереси, Фраскатиевата класификација од трето ниво ни е дефектна.

За крај, да ве насмеам, една професорка физичарка пред неколку години ме убедуваше дека водата всушност и не врие (преминува во гасовита состојба) на сто целзиуса.

Ете затоа корупцијата тивко и полека ја убива државава, како што метастазата го убива организмот во кој се појавила!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

докторати комисии Корупција правен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.