Холивудските Либерали Шон Пен, Мајкл Мур и Оливер Стоун му оддаваат признание на венцуелскиот претседател Хуго Чавез, кој почина вчера, на 58- годишна возраст, по долгата битка со рак.
Шон Пен излезе со соопштение до “Холивуд Репортер”, во кое вели: “Денеска народот на САД изгуби пријател, за кој никогаш не знаеше дека го имал. И сиромашните луѓе го светот изгубија шампионот. Јас изгубив пријател кој бев благословен што го имав”.
Слично на него, и Стоун вели дека Чавез му бил пријател и дека ќе живее засекогаш во историјата.
Мур пак, на Твитер напиша дека неговите политики за да им помогне на сиромашните го направиле опасен: “САД го одобри пучот иако беше демократски избран претседател”.
Ниту еден од овие влијателни уметници не го споменува второто лице на Чавез и неговото водење на земјата, која во извештаите на релевантните светски институции како што е Фридом Хаус е дефинирана како делумно слободно . За илустрација, Репортери без граници во својот извештај од 2009 г. има напишано дека во регионот, Венецуела е една од најголемите прекршувачи на слободата на медиумите