НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитровска: Комуникација со семеен пријател постои, но содржината нема допирна точка со коруптивни дејства, ниту со случајот „Адитив“

0
By Marija Todorovska on April 30, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска испрати соопштение за јавноста во кое нагласува дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата во никој случај не  смее да биде оспорен. Принципот на презумпција на невиност, односно секој е невин  додека не се докаже спротивното, како и принципот на владеење на правото, потребно е да се почитуваат. Таа вели дека останатите 6 члена на институцијата која ја претставува, немаат никаква поврзаност со делото за кое е осомничена.  

Сакам да ја информирам јавноста дека мојата комуникација со семеен пријател, кој  подоцна стана обвинет во случајот „Адитив“, се одвивала во период пред да започне постапка за него пред надлежното обвинителство. Од соопштението од ОЈО за ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, или пред да му  е изречена мерка притвор по оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација, вели претседателката на ДКСК.

Таа тврди дека дел од споделените информации во комуникацијата се однесуваат на  јавни документи чија содржина пред нивната комуникација е објавена во јавност, а останатиот дел е вообичаена пријателска комуникација.  

За оваа моја комуникација изразувам жалење и укажувам дека е направена без никаква намера да влијаам на постапката или на било кој аспект на истрагата. Ова го тврдам одговорно, вели Димитровска.

Таа во сооштението за јавноста вели дека во Државната комисија за спречување на корупцијата во тек е постапка за проверка  на имотната состојба на наведено лице. Со електронската распределба предметот не е доделен за постапување кај неа, а согласно утврдените правила нема никаква можност да влијае врз текот на постапката или врз исходот. Вели дека одлуките на ДКСК се носат колективно, со мнозинство гласови на членовите.

Целосно ќе соработувам со надлежните правосудни органи и очекувам брза и транспарентна разрешница на настанот. Мерките на претпазливост ќе ги почитувам  во целост. До конечно изјаснување на обвинителството нема да давам дополнителни јавни изјави, освен ако тоа го наложат околностите, водејќи се од интересот на  институционалниот интегритет и транспарентност, вели претседателката на ДКСК.

Татјана Димитровска очекува дека до тогаш ќе се почитува интегритетот на ДКСК, нејзиниот и интегритетот на нејзиното семејство. 

Претседателката на ДКСК, е осомничена во истрагата во „Адитив“ и се товари дека му оддавала тајни информации на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ.

ДКСК татјана димитровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.