Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јаневска: Во Штип, Битола и Скопје ќе ги користиме амфитетарите на универзитетите за полагање на државна матура

0
By Marija Todorovska on May 12, 2025 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 12, 2025 14:47

Средните училишта од Штип веќе знаат каде матурантите ќе ја полагаат државната матура, односно во кои простории и амфитеатри на Универзитетот „Гоце Делчев“, истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која одговараше на прашање за подготовката на полагање на државната матура во Штип и во училиштата низ цела држава.

 Кампус 4 е определен за регионалниот центар и Гиманзијата и во Кампус 2 се останатите училишта. Сите училишта од Штип, кои кажале дека имале потреба од соодветен простор ќе полгаат во амфитеатрите на УГД, затоа што исто така му благодарам на ректорот за разбирањето и на деканите се разбира за разбирањето на оваа потреба, вели Јаневска.

Министерката за образование и наука додаде дека во моментов се обезбедуваат условите за полагање, бидејќи меѓу матурантите треба да има растојание од метар и половина.

Во Штип, Битола и во Скопје ќе ги користиме универзитетите. Материјалите се во подготовка, мобилни телефони нема да се употребуваат, односно тестаторите ќе бидат задолжени да спроведат учениците да си ги остават мобилните телефони на соодветно место во просторијата, каде што ќе се полага, изјави Јаневска.

Таа повика на свесност кај учениците, родителите и наставниците и да не се дозволи препишување на државната матура, бидејќи се прави штета, а не добро.

Нашето образование е на ниско ниво, па и со лош квалитет и ние тоа треба да го подобриме. Иднината на Македонија е во умните глави, кои ги има, само треба да ги мотивираме да почнат што е можно повеќе да работат на себе. Затоа што утре нивната иднина зависи од нив самите, вели Јаневска.

Прашана за електронските индекси за студентите, Јаневска со одговор дека штипскиот Универзитетот „Гоце Делчев“ веќе го има завршено овој процес, на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје одредени Факултети имаат и постапката е во тек, за да се заврши овој процес.

Весна Јаневска државна матура електронски индекс полагање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.