Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мислам дека се разбираме …

0
By Zoran Ivanov on May 13, 2025 ИЗБОР, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 13, 2025 17:23

Драг мој татко на Фросина, имам ќерка имам и син, имам и две внуки и еден внук, и да го поддржувам премиерот, да го фалам за изразеното сочуство, е исто како да му бацувам рака на убиецот.

 Борче Трајковски

 Да сум таткото на Фросина, убиената на пешачки премин во Скопје од разгалено и заштитено момче, кое управувало возило без возачка дозвола со недозволена брзина, кое денес е осудено на затворска казна од 12 години, ќе ги повикам на протести граѓаните, родителите на врсниците на Фросина и нејзините врсници, ама најпрво ќе ја повикам владата на чело со премиерот и министерот за правда.

Тие се заштитници на судиите и судовите, тие се корените на трулежот во судсвото.

Граѓаните се згрозени од пресудата исто како и родителот на убиената, и ќе излезат на протести, но, ако владата протестира има големи шанси судството да се корегира, можеби да се престрои, да се засрами, да се промени…

Драг мој татко на Фросина, имам ќерка имам и син, имам и две внуки и еден внук, и да го поддржувам премиерот, да го фалам за изразеното сочуство, е исто како да му бацувам рака на убиецот.

Висината на казната во овој случај како и во многу слични, МОРА да биде пример за секој потенцијален насилник, за секоја мирна мисла на родителите, бабите и дедовците во иднина.

Казната не е мала, ама не е задоволителна. Не може да послужи како пример, напротив. Денес може моето дете да настрада, тој пак ќе се појави со израз на сочуство, наполно исто како што се насолзуваше на десетиците изгорени млади души во “шталата“ во Кочани, а веднаш после тоа фати џенем со народни пари и покажа дека к.. го заболе за истрагата за лицата кои се одговорни за таа несреќа, а тоа што како епилог ќе се случи, ќе бидат казните за виновниците, (сомнително обвинети), во таа катастрофа слични на овие со кои денес е осуден недвосмислениот убиец на вашата ќерка Фросина.

Не е лошо да го подржувате премиерот, да се разбереме, ама многу лошо ќе биде ако не го повикате него заедно со владата да се приклучат на протестите кои ги најавувате.

Без нив, ние ништо нема да можеме да постигнеме. Ќе шетаме, ќе викаме, ќе фрламе бои и јајца, ќе пцуеме и ќе колнеме, тие сите ќе бидат на Халкидики а некои на рајските острови, ние, истоштени, дома…

Мислам дека се разбираме…

Тнекју…

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

борче трајовски колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.