Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставниот суд го укина членот кој предвидува при унапредување на обвинителите да се цени и работењето како членови на Советот на ЈО

0
By Marija Todorovska on May 20, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 20, 2025 14:47

Уставниот суд го укина член 4, став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на РСМ, кои предвидуваа можност во унапредување на обвинителите во кариерата да се цени како позитивна обвинителска дејност и работењето на членовите на Советот на јавни обвинители, изјави уставниот судија Осман Кадриу, на прес-конференција по седницата.

Кадиру, кој е судија известител по предметот, посочи дека во конкретниот случај сметал дека станува збор за појак интензитет на повреда на Уставот и законот и предлагал поништувачка одлука, но со мнозинство гласови се донело одлука актот само да се укине, со дејство само за во иднина, без поништувачко дејство на досегашните одлуки.

Во законот се подвлечени јасно кои услови треба да ги исполнуваат обвинителите кога бараат нивно унапредување. На тој начин и со тие одредби Советот на ЈО засебе востпоставил право, членовите обвинители додека работат во Советот да ги третираат како обвинители, а тие не се обвинители, а нивното работење во Советот да се третира како обвинителска дејност, што е апсурд. Ваквите одредни се во директна спротовност со Законот за јавното обвинителство и се разбира со самиот Устав, како највисок правен акт, изјави Кадриу.

Судот, посочи Кадриу, имал едногласно мислење дека со овој акт и со вградување на овие две одредби – работата на членовите на Советот на ЈО да биде ценета како обвинителска дејност, а нивниот статус членови на Советот како обвинители, станува збор за „груба повреда на Уставот и на законот“.

Таквите услови да се вградат и да се предвидува и привилегија за членовите на Советот на ЈО претставува и дискриминација кон другите колеги обвинители, кои работат и се ценат нивните резултати и работење и претставува услов за нивно унапредување, истакна Кадриу.

Уставниот суд на 19 февруари годинава донесе одлука за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, по поднесе иницијатива од јавната обвинителка Ленче Ристовска.

Совет на јавни обвинители Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.