НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двајца загинати и двајца повредени во денешниот инцидент во Холандија

0
By Marija Todorovska on May 21, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел: Две лица се убиени утрово при насилен инцидент во холандскиот град Хофдорп, соопшти локалната полиција, додавајќи дека при полициската интервенција на место на настанот се повредени и двајца полицајци.

Како што јави холандскиот информативен портал НХ, Националниот оддел за кривични истраги на Холандија истражува што точно се случило.

Според холандското Јавно обвинителство, телата на двете убиени лица, чии идентитети не се соопштени, биле пронајдени во куќата во која се случил инцидентот.

Една жртва починала како резултат на прободување со нож, додека причината за смртта на втората жртва се уште се истражува, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството додаде и дека полицијата отворила оган при интервенцијата, при што биле слушнати неколку истрели.

Портпарол на полицијата информира дека не може да каже како биле повредени двајцата полицајци, освен дека се наоѓаат во животна опасност. Дел од медиумите објавија снимки на кој се гледа еден полицаец со преврска на главата.

Полицијата претходно соопшти дека рано изутринава добила пријава оти „нешто се случува“ во една куќа во Хофдорп, место што се наоѓа западно од аеродромот Схипхол, по што неколку полицајци пристигнале на местото на настанот.

Добивме пријава за инцидент со прободување со нож на улицата „Фани Бланкерс-Кенлан“ во Хофдорп околу 6:00 часот утрово. Неколку амбулантни возила и мобилен медицински тим се на лице место. Истрагата за инцидентот е во тек, објави претпладнево Полициската управа на Северна Холандија на Икс.

НХ претходно јави дека во и околу куќата биле пронајдени „голем број ранети лица“, но дека полицијата „се уште не може да каже ништо за природата на нивните повреди“.

Според медиумските информации, на едно полициско возило кое пристигнало на местото на настанот била забележана крв, а очевидци изјавили и дека траги од крв може да се видат на самата улица пред куќата.

Куќата во која се случил инцидентот е се уште блокирана, а затворена за сообраќај е и улицата на која се наоѓа таа.

Медиумите јавуваат дека форензичката истрага за инцидентот се уште трае, а дополнително Националниот оддел за кривични истраги ја истражува и употреба на сила од страна на полицијата.

Инцидент Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.