Советот за безбедност на Обединетите нации, денес гласа за нов пакет санкции против Северна Кореја.
Северна Кореја вети дека ќе лансира превентивен нуклеарен напад врз САД, проширувајќи ја тензијата пред гласањето на дипломатите на Обединетите нации, на тоа дали да се покренат нови санкции врз Пјонгјанг за неодамнешните нуклеарни проби.
Неидентификуван портпарол на Министерството за надворешни работи на Пјонгјанг, изјави дека Северна Кореја ќе го искористи своето право за “превентивен нуклеарен напад врз седиштето на агресорите”, бидејќи според нив Вашингтон врши притисок за започнување нуклеарна војна против Северот.
Иако земјата на Ким Јонг Ун може да се пофали со нуклеарни бомби и превентивни напади, се смета дека сеуште не ја совладале способноста за производство на боеви глави доволно мали да се стават во проектили кои би достигнале до САД. Сепак се верува дека имаат доволно нуклеарно гориво, за неколку сурови нуклеарни направи.
Таквата провокативна реторика е вообичаена за Северна Кореја, но последните неколку денови е посебно изразена.
Северна Кореа е лута поради потенцијалните санкции, и поради претстојните американско-јужнокорејски воени вежби.
Советот за безбедност на Обединетите нации е пред воведување четврта рунда санкции против Пјонгјанг во најновиот обид да се успорат нуклеарните и балистички проектилни програми.